Breaking News

Диаз: На евроизборите ќе се соочат поборниците и противниците на Европа 


– Изборите за членови на Европскиот парламент во јуни ќе претставуваат соочување на оние кои се залагаат за Европа и нејзините принципи и на оние кои ги доведуваат во прашање основните права и вредностите на ЕУ, изјави шпанската вицепремиерка и министерка за труд и социјална економија Јоланда Диаз.


 – Овде се во прашање два модели на Европа: Европа на работниците и работничките, на жените, Европа на екологијата, зелената Европа, Европа на иднината, на надежта. . .


Или Европа која ги доведува во прашање основните права, отворено го брани сексизмот и позициите спротивни на вредностите на Унијата, изјави Диаз во белгискиот град Намур, каде учествува на неформалното заседание на Советот на ЕУ за вработување и социјална политика.

 Според неа, ЕУ како никогаш досега мора да биде „посоцијална“, бидејќи во спротивно ќе овозможи зголемување на скептицизмот и незадоволството.


– Ќе работиме да обезбедиме социјална Европа која ќе оди напред за општо добро, за надеж, за феминизам, за екологија и за подобар живот, додаде Диаз, истакнувајќи дека европските граѓаните на изборите можат да го одредат идниот политички правец на ЕУ.

сп/Фото: Икс .


Извор: МИА