Breaking News

СВЕТ

Израел изврши воздушни напади врз Хезболах во јужен Либан

Израелската армија повторно пукаше врз неколку цели на Хезболах во соседен Либан. Борбени авиони на воздухопловните сили нападнаа воен објект во близина на Марвахин во јужен Либан и ракетен фрлач на друго место на границата, објавија утрово вооружените сили. Израелско беспилотно летало и хеликоптер исто така нападнаа позиции од кои …

Повеќе »

Австралија го забрани нацистичкиот поздрав

Во Австралија денеска стапи на сила законот за забрана на нацистички поздрави, нацистички сувенири и прикажување или продажба на симболи поврзани со терористички групи. -Сега е незаконски да се изведува нацистичкиот поздрав во јавност, како и продажбата на нацистички симболи, рече државниот обвинител Марк Драјфус. Новиот закон, исто така, ги …

Повеќе »

Јапонија ја поддржува Украина со 37 милиони долари за воздушна одбрана

За време на посетата на Киев, јапонската министерка за надворешни работи Јоко Камикава и вети на Украина поддршка во нејзината континуирана одбрана од руската агресија. -Јапонија ќе плати 37 милиони долари во фондот на НАТО, изјави вчера Камикава на заедничката прес-конференција со нејзиниот колега Дмитро Кулеба, пренесуваат украинските медиуми. Таа …

Повеќе »

Хути: Бродовите во Црвеното Море нема да бидат нападнати доколку немаат врска со Израел

Членот на Врховниот политички совет на јеменската милитантна група Хути, Мухамед Али Ел Хути, предложи денеска меѓународните бродски компании и министерствата за транспорт да објават дека бродовите кои минуваат низ теснецот Баб Ел Мандеб во Црвеното Море немаат врска со Израел за да не бидат нападнати од Хутите. Тој истакна …

Повеќе »

Учениците во Грција се враќаат во училишните клупи со превентивни мерки за заштита од Ковид-19

– По зимскиот распуст поради новогодишните и божиќните празници, учениците во Грција денеска се враќаат во училишните клупи, но со препораки и упатства од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ) поради зголемениот број заразени со Ковид-19 и грип во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Во изминатиот период во …

Повеќе »

Халеви: Ќе се бориме во Газа цела година, тоа е сигурно

Началникот на Генералштабот на израелската армија Херзи Халеви вчера навести дека може да има долгорочен конфликт во Појасот Газа, велејќи дека 2024 година ќе биде „година на предизвици“. -Ќе се бориме во Газа цела година – тоа е сигурно, рече Халеви за време на посетата на окупираниот Западен Брег. Тој …

Повеќе »

Противниците на либанското движење Хезболах објавија порака на екраните на аеродромот во Бејрут

Аеродромот во Бејрут вчера беше цел на кибер напад. На екраните со информации за летот имаше порака против шиитското движење Хезболах, во Либан, кое врши напади врз соседен Израел. На екраните се појави порака упатена до лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, која гласеше: „Во името на Господ и народот, аеродромот …

Повеќе »

Воен авион уби 17 цивили во бунтовничкото село во Мјанмар

Најмалку 17 цивили, меѓу кои девет деца, се убиени во воздушните напади на Мјанмар врз село контролирано од продемократскиот отпор, соопштија вчера локалните жители и групите за човекови права. Воената хунта во Мјанмар се соочува со противници во делови од северниот и источниот дел на земјата. Локалните медиуми јавија дека …

Повеќе »

Русија преку ноќ ги бомбардира украинските градови со проектили

Руските воздухопловни сили уште еднаш ја бомбардираа Украина со проектили. Украинските медиуми утрово објавија дека има експлозии околу југоисточниот украински град Днипро. Според набљудувачите, речиси десетина стратешки бомбардери истрелале крстосувачки ракети врз цели во Украина. Биле распоредени и хиперсонични ракети од типот Кинжал (Кама). Во Украина беа издадени предупредувања за …

Повеќе »

СЗО не може да достави медицински материјали во северниот дел на Газа речиси две недели

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека не можела да стигне до северот на Појасот Газа 12 дена за време на тековната војна меѓу Израел и Хамас. Планираната мисија во болницата Ал-Авда и четири други во северна Газа беше откажана по четврти пат бидејќи не можеше да се гарантира безбедноста, објави …

Повеќе »