Вчера се случи историја.
Вчера народот повторно ја направи Македонија своја и горда и јасно покажа дека Македонија треба да чекори во правецот на напредокот, успесите, реформите и европските стандарди.
Вчера победи Македонија, победи народот, победија и Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци и Власи, победија граѓаните.
Затоа упатувам огромна благодарност до сите граѓани, вклучително и дијаспората, кои патуваа и по стотици и илјадници километри да го дадат својот глас за промени. .
Извор: МИА