Breaking News

Хути: Нападите нема да останат неказнети, убиени се петмина наши припадници


Вооружената група  Хути соопшти дека нападите врз нивните позиции извршени од САД и Велика Британија нема да поминат без „казна или одмазда“.


Портпаролот на Хутите Јахја Сари во видео порака изјави дека во нападите загинале пет нивни членови, а уште шестмина се ранети и најави дека ќе продолжат да го блокираат преминувањето на бродовите во Црвеното и Арапското море.


„Американските и британските непријатели сносат целосна одговорност за нивната криминална агресија врз нашиот народ во Јемен и нема да останат неодговорени и неказнети“, рече воениот портпарол на Хутите.

Тој додаде дека биле извршени 73 напади врз пет јеменски региони под контрола на Хутите, но не прецизираше кои биле целите. ссм/фото: архива .


Извор: МИА