Breaking News

Захарова: Шведска се обидува да не плаќа казни за загадувањето поради оштетувањето на гасоводот


– Шведска се обидува да избегне плаќање огромни казни за емисиите на загадување предизвикани од саботажа на гасоводот Северен тек, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.


Шведската агенција за заштита на животната средина претходно донесе одлука дека Шведска не е обврзана да вклучи во својата национална квота 5,8 милиони тони штетни материи кои влегуваат во атмосферата како резултат на саботажа на гасоводите „Северен тек“.


– Овој чекор докажува дека Стокхолм се обидува да избегне да плати огромни казни поради тоа што е над релевантните норми утврдени во ЕУ, изјави Захарова.

Захарова истакна дека се повеќе се поставуваат прашања за улогата на Шведска во тој инцидент, со оглед на информациите објавени во шведските медиуми дека спасувачки брод на шведската морнарица со специјална опрема за подводни операции успеал брзо да пристигне на местото на саботажата и да собере одредени докази, вклучително и остатоци од експлозив.


Неколку подводни експлозии беа регистрирани на 26 септември 2022 година, на три од четирите крака на гасоводот што го сочинуваат Северен тек 1 и Северен тек 2.

Германија, Шведска и Данска почнаа свои истраги за експлозиите. јт/Фото: МИА архива .


Извор: МИА