Breaking News

ПРЕТПРИЕМНИШТВО

ТАВ МАКЕДОНИЈА БЕШЕ ДОМАЌИН НА СРПСКИ ТУРИСТИЧКИ БЛОГЕР СО ЦЕЛ ДА ГО ПРОМОВИРА ОХРИД КАКО ДЕСТИНАЦИЈА ЗА ПАТУВАЊА МЕЃУ СРПСКАТА ПОПУЛАЦИЈА НА БАЛКАНОТ

ТАВ Македонија, со поддршка на Air Serbia, го пречека и беше домаќин на српскиот блогер за патувања Putuj.rs, со цел промоција на Охрид и Охридското Езеро како дестинациja за патување кај луѓето од соседна Србија, кои од 19 јуни 2023 година можат да пристигнат во Охрид за помалку од 1,5 час, со летовите на Ер Србија на обновената линија …

Повеќе »

Започна пријавувањето за стипендиите „Борис Трајковски“ на извршната МБА програма на Универзитетот Јорк

Стипендиите „Борис Трајковски“ за двегодишни вонредни постдипломски студии што заеднички ги нудат Европскиот Кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ, Министерството за образование и наука и Претседателот на Република Северна Македонија и годинава се достапни за  20 студенти. Конкурсот за доделување на стипендиите за студии од втор циклус за академската 2023/2024 …

Повеќе »

Преку системот на Пакомак во 2022 се рециклирани 27.521 тони амбалажен отпад Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување ги објави своите резултати од напорите за организирана заштита на животната средина за 2022 година. Според официјалните извештаи за изминатата година, компаниите-членки на Пакомак пријавиле 47.705 тони амбалажен отпад од кои 57.7% од пријавените количини се рециклирани или поточно 27.521 тони. Согласно законот за управување со отпад, Пакомак не само што ги исполни, туку и ги надмина поставените национални цели силно придонесувајќи кон заштитата и подобрување на состојбите со животната средина во нашата земја. Компанијата ја оправда дозволата за работа, гарантирајќи ја на тој начин сигурноста на своите клиенти членки и наметнувајќи се како ефикасно бизнис решение за менаџирање на амбалажниот отпад, Покрај редовните и континуирани инвестиции во инфраструктура за одложување на отпад, во 2022 година за истакнување е инвестицијата во 30 нови повратни вендинг машини за амбалажен отпад, како начин за дополнителна стимулација на населението за селектирање пластични шишиња и лименки. Повторно се организираше конкурсот „Trash for Art” поттикнувајќи креативност и покажувајќи дека амбалажниот отпад може да има и друга намена. Заедно со партнери се организираше фестивалот Sound of Green, на кој беа собрани речиси 4 контејнери пластични шишиња и лименки, или над 4000 парчиња амбалажен отпад, кој гостите го носеа со себе како влезница. Околу 1500 угостителски објекти го селектираат стаклениот отпад преку системот на Пакомак! “Are You Recycling” е проект на Пакомак кој има за цел да ги вклучи сите угостителски објекти од целата држава во континуирана еколошка акција за селектирање на стаклениот отпад. Станува збор за собирање на неповратна стаклена амбалажа од хотели, ресторани и кафулиња каде завршува над 35% од стаклото. А се креираа и бројни други интересни едукативни активности со цел континуирана едукација, поттикнување висока еколошка свест и активна грижа за животната средина. Континуирано се инвестираше во контејнери за стакло во градовите низ земјава покривајќи со тоа над 75% од територијата, а покрај за стакло беа донирани и метални контејнери за пластика и хартија на град Скопје. Пакомак и понатаму ќе продолжи со инвестиции во комунална инфраструктура во градовите низ републиката, бидејќи во некои општини сè уште недостигаат контејнери за комунален отпад, ниту пак за селективно собирање. „Наша цел е понатамошна соработка со локалните самоуправи, и на различни локации да има барем по еден контејнер за амбалажен отпад, пред се ПЕТ, хартија, лименки и стакло, како и да се обезбедат специјализирани возила кои ќе ги опслужуваат. Дополнително ќе се поставуваат и нови вендинг машини, вели г. Филип Ивановски-Извршен Директор на Пакомак. Но, исто така не смее да се изостави како многу важен фактор и улогата на граѓаните, и нивната решителност и свесност за важноста да се селектира отпадот кој се однесува на пластичните шишиња, лименки, стакло и хартија и да ги фрлаат во посебен контејнер, се разбира во оние место каде нив ги има, или пак да ги одложуваат во вендинг машините. Најпосле, комуналните претпријатија како единствени овластени собирачи на селектираниот отпад мора да бидат многу поефикасни и редовно да ги празнат контејнерите со селектиран отпад. Во спротивно ќе имаме ѓубришта околу контејнерите и тоа ќе биде дестимулирачко за граѓаните кои сакаат да селектираат. Комуналните претпријатија не смее да станат кочничари на започнатите процеси за примарна селекција на отпадот. „Културата за селектирање и рециклирање на амбалажниот отпад е нешто на што треба да се работи континуирано. Нашите резултати велат дека од година во година постигнуваме напредок и успех, но сè додека секое домаќинство и угостителски бизниси го немаат ова како вообичаена пракса не можеме да кажеме дека сме ги постигнале целите. Ние сме сè уште во еден процес на развој и примена на оваа идеја”, додава Ивановски. Пакомак и во иднина ќе настојува да придонесе кон го минимизирање на негативното влијание на амбалажниот отпад врз животната средина, да промовира поодговорен однос на компаниите кон амбалажниот отпад, овозможувајќи со тоа поквалитетен живот за нас и идните поколенија.

Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување ги објави своите резултати од напорите за организирана заштита на животната средина за 2022 година. Според официјалните извештаи за изминатата година, компаниите-членки на Пакомак пријавиле 47.705 тони амбалажен отпад од кои 57.7% од пријавените количини се рециклирани или поточно 27.521 тони. …

Повеќе »

Машката сениорска карате репрезентација доби признание за врвен спортски резултат

  Репрезентативците на сениорскиот карате тим на Македонија кои освоија бронзен медал на неодамна одржаното Медитеранско првенство во Тунис добија признание за постигнат врвен резултат од Агенцијата за млади и спорт (АМС). Признанието од АМС доаѓа по големиот успех на македонските карате репрезентативци кои се закитија со медал во најтешката …

Повеќе »

Тимот на Самоглас отвора повик за актерки/актери во аудиодрами

Тимот на Самоглас, во рамки на проектот „Збирка аудиодрами од Горан Стефановски“ отвора повик за актерки/актери во аудиодрами. Во рамките на овој проект предвидено е снимање на драмски текстови од Горан Стефановски во форма на аудиодрами, и тоа: „Дупло дно“, „Гоце“ и „Диво месо“, режирани од: Дамјан Костовски, Владимир Николовски …

Повеќе »

Уште 80 тони опасен отпад од ОХИС испратени на уништување во Франција

Чистењето на малата (делта) HCH депонија во ОХИС продолжува со ремедијација на Лот 3, со кој ќе се отстранат 525 тони на HCH отпад и 210 тони на земја контаминирана со HCH, информираа денеска од Министерството за животна средина и просторно планирање. Во рамки на досегашните активности спроведени за ремедијација …

Повеќе »

ИСИЕ: Само 15 проценти од јавните претпријатија ги исполнуваат техничките услови за постапување по пријави на укажувачи

Само 15 проценти од 44 анализирани јавни претпријатија ги поседуваат техничките услови за постапување по пријави на укажувачи, а истовремено само три од претпријатијата во период од 2020 до 2022 година примиле пријава од укажувач. Тоа се наведува во  резултатите од „Студијата за процена на состојбите за постапување по пријави …

Повеќе »

Организации од целиот свет предупредуваат за новиот предлог-закон на Законот за авторското право и сродните права и ја повикуваат државата да го одобри тарифникот

Речиси 60 организации од целиот свет кои ги претставуваат аудио-визуелните автори и изведувачи го искажаа нивното незадоволство и загриженост за долгогодишното статус-кво во земјава во однос на регулирањето на аудиовизуелните авторски права во земјава и неможноста Асоцијацијата за заштита на авторски и сродни права – АЗАС да почне со колектирање …

Повеќе »

Еуромакс Ресоурсис: Надлежните институции без одлагање да овозможат реализација на најголемата странска инвестиција

Еуромакс Ресоурсис со особено внимание ја следи правната разврска за остварувањето на нашите права како странски инвеститор. Сите правни аргументи се на страната на Еуромакс Ресоурсис. Токму затоа, очекуваме без понатамошни одлагања надлежните државни институции да продолжат да ги усвојуваат сите неопходни одлуки за да почне реализацијата на една од …

Повеќе »

Цврстите честички од Макстил континуирано се во нормална граница и пониски од граничните вредности

Континуираните мерења на емисиите на цврсти честички од двете мерни точки во Макстил, покажуваат дека тие се движат во нормала и се неколку пати пониски од граничните дозволени вредности. Овие мерења се следат и објавуваат веќе две години и во целиот овој период сите вредности од емисиите на цврсти честички …

Повеќе »