Breaking News

Организации од целиот свет предупредуваат за новиот предлог-закон на Законот за авторското право и сродните права и ја повикуваат државата да го одобри тарифникот


Речиси 60 организации од целиот свет кои ги претставуваат аудио-визуелните автори и изведувачи го искажаа нивното незадоволство и загриженост за долгогодишното статус-кво во земјава во однос на регулирањето на аудиовизуелните авторски права во земјава и неможноста Асоцијацијата за заштита на авторски и сродни права – АЗАС да почне со колектирање на средства од аудиовизуелните дела.


АЗАС, иако е единствената македонска организација за колективно управување со авторските и сродните филмски права во согласност со ЗАПСП, и има дозвола за работа, издадена од Министерството за култура, уште од септември 2018 година, сè уште не може да започне со активна работа и со наплата само затоа што нема активна Комисија за посредување во авторските и сродните права која треба да ја одобри тарифата, а со новиот предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права се предвидува во рок од шест месеци од влегувањето во сила (осум дена од објавувањето во Службен весник) на овој закон, сите дозволи за колективно управување, вклучително и дозволата издадена на АЗАС да престане да важи.


АЗАС се надева дека надлежните ќе придонесат за Владата сериозно да му пристапи на ова прашање и што е можно поскоро да најде начини за решавање на истото со цел да се заштитат поголемиот дел од македонските автори, продуценти и изведувачи, и да се обезбеди фер, ефикасно и транспарентно применување и распределување на нивните колективни права.

Во прилог ви го доставуваме целосното соопштение заедно со писмата со реакции од асоцијациите и здруженијата за автори и изведувачи на аудио-визуелни дела ширум светот.