Breaking News

Преку системот на Пакомак во 2022 се рециклирани 27.521 тони амбалажен отпад Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување ги објави своите резултати од напорите за организирана заштита на животната средина за 2022 година. Според официјалните извештаи за изминатата година, компаниите-членки на Пакомак пријавиле 47.705 тони амбалажен отпад од кои 57.7% од пријавените количини се рециклирани или поточно 27.521 тони. Согласно законот за управување со отпад, Пакомак не само што ги исполни, туку и ги надмина поставените национални цели силно придонесувајќи кон заштитата и подобрување на состојбите со животната средина во нашата земја. Компанијата ја оправда дозволата за работа, гарантирајќи ја на тој начин сигурноста на своите клиенти членки и наметнувајќи се како ефикасно бизнис решение за менаџирање на амбалажниот отпад, Покрај редовните и континуирани инвестиции во инфраструктура за одложување на отпад, во 2022 година за истакнување е инвестицијата во 30 нови повратни вендинг машини за амбалажен отпад, како начин за дополнителна стимулација на населението за селектирање пластични шишиња и лименки. Повторно се организираше конкурсот „Trash for Art” поттикнувајќи креативност и покажувајќи дека амбалажниот отпад може да има и друга намена. Заедно со партнери се организираше фестивалот Sound of Green, на кој беа собрани речиси 4 контејнери пластични шишиња и лименки, или над 4000 парчиња амбалажен отпад, кој гостите го носеа со себе како влезница. Околу 1500 угостителски објекти го селектираат стаклениот отпад преку системот на Пакомак! “Are You Recycling” е проект на Пакомак кој има за цел да ги вклучи сите угостителски објекти од целата држава во континуирана еколошка акција за селектирање на стаклениот отпад. Станува збор за собирање на неповратна стаклена амбалажа од хотели, ресторани и кафулиња каде завршува над 35% од стаклото. А се креираа и бројни други интересни едукативни активности со цел континуирана едукација, поттикнување висока еколошка свест и активна грижа за животната средина. Континуирано се инвестираше во контејнери за стакло во градовите низ земјава покривајќи со тоа над 75% од територијата, а покрај за стакло беа донирани и метални контејнери за пластика и хартија на град Скопје. Пакомак и понатаму ќе продолжи со инвестиции во комунална инфраструктура во градовите низ републиката, бидејќи во некои општини сè уште недостигаат контејнери за комунален отпад, ниту пак за селективно собирање. „Наша цел е понатамошна соработка со локалните самоуправи, и на различни локации да има барем по еден контејнер за амбалажен отпад, пред се ПЕТ, хартија, лименки и стакло, како и да се обезбедат специјализирани возила кои ќе ги опслужуваат. Дополнително ќе се поставуваат и нови вендинг машини, вели г. Филип Ивановски-Извршен Директор на Пакомак. Но, исто така не смее да се изостави како многу важен фактор и улогата на граѓаните, и нивната решителност и свесност за важноста да се селектира отпадот кој се однесува на пластичните шишиња, лименки, стакло и хартија и да ги фрлаат во посебен контејнер, се разбира во оние место каде нив ги има, или пак да ги одложуваат во вендинг машините. Најпосле, комуналните претпријатија како единствени овластени собирачи на селектираниот отпад мора да бидат многу поефикасни и редовно да ги празнат контејнерите со селектиран отпад. Во спротивно ќе имаме ѓубришта околу контејнерите и тоа ќе биде дестимулирачко за граѓаните кои сакаат да селектираат. Комуналните претпријатија не смее да станат кочничари на започнатите процеси за примарна селекција на отпадот. „Културата за селектирање и рециклирање на амбалажниот отпад е нешто на што треба да се работи континуирано. Нашите резултати велат дека од година во година постигнуваме напредок и успех, но сè додека секое домаќинство и угостителски бизниси го немаат ова како вообичаена пракса не можеме да кажеме дека сме ги постигнале целите. Ние сме сè уште во еден процес на развој и примена на оваа идеја”, додава Ивановски. Пакомак и во иднина ќе настојува да придонесе кон го минимизирање на негативното влијание на амбалажниот отпад врз животната средина, да промовира поодговорен однос на компаниите кон амбалажниот отпад, овозможувајќи со тоа поквалитетен живот за нас и идните поколенија.


Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување ги објави своите резултати од напорите за организирана заштита на животната средина за 2022 година. Според официјалните извештаи за изминатата година, компаниите-членки на Пакомак пријавиле 47.705 тони амбалажен отпад од кои 57.7% од пријавените количини се рециклирани или поточно 27.521 тони.


Согласно законот за управување со отпад, Пакомак не само што ги исполни, туку и ги надмина поставените национални цели силно придонесувајќи кон заштитата и подобрување на состојбите со животната средина во нашата земја. Компанијата ја оправда дозволата за работа, гарантирајќи ја на тој начин сигурноста на своите клиенти членки и наметнувајќи се како ефикасно бизнис решение за менаџирање на амбалажниот отпад,


Покрај редовните и континуирани инвестиции во инфраструктура за одложување на отпад, во 2022 година за истакнување е инвестицијата во 30 нови повратни вендинг машини за амбалажен отпад, како начин за дополнителна стимулација на населението за селектирање пластични шишиња и лименки.

Повторно се организираше конкурсот „Trash for Art” поттикнувајќи креативност и покажувајќи дека амбалажниот отпад може да има и друга намена. Заедно со партнери се организираше фестивалот Sound of Green, на кој беа собрани речиси 4 контејнери пластични шишиња и лименки, или над 4000 парчиња амбалажен отпад, кој гостите го носеа со себе како влезница.


Околу 1500 угостителски објекти го селектираат стаклениот отпад преку системот на Пакомак! “Are You Recycling” е проект на Пакомак кој има за цел да ги вклучи сите угостителски објекти од целата држава во континуирана еколошка акција за селектирање на стаклениот отпад.  Станува збор за собирање на неповратна стаклена амбалажа од хотели, ресторани и кафулиња каде завршува над 35% од стаклото.

А се креираа и бројни други интересни едукативни активности со цел континуирана едукација, поттикнување висока еколошка свест и активна грижа за животната средина.  Континуирано  се инвестираше во контејнери за стакло во градовите низ земјава покривајќи со тоа над 75% од територијата, а покрај за стакло беа донирани и метални контејнери за пластика и хартија на град Скопје.


Пакомак и понатаму ќе продолжи со инвестиции во комунална инфраструктура во градовите низ републиката, бидејќи во некои општини сè уште недостигаат контејнери за комунален отпад, ниту пак за селективно собирање. „Наша цел е понатамошна соработка со локалните самоуправи, и на различни локации да има барем по еден контејнер за амбалажен отпад, пред се ПЕТ, хартија, лименки и стакло, како и да се обезбедат специјализирани возила кои ќе ги опслужуваат. Дополнително ќе се поставуваат и нови вендинг машини, вели г. Филип Ивановски-Извршен Директор на Пакомак.

Но, исто така не смее да се изостави како многу важен фактор и улогата на граѓаните, и нивната решителност и свесност за важноста да се селектира отпадот кој се однесува на пластичните шишиња, лименки, стакло и хартија и да ги фрлаат во посебен контејнер, се разбира во оние место каде нив ги има, или пак да ги одложуваат во вендинг машините.


Најпосле, комуналните претпријатија како единствени овластени собирачи на селектираниот отпад мора да бидат многу поефикасни и редовно да ги празнат контејнерите со селектиран отпад. Во спротивно ќе имаме ѓубришта околу контејнерите и тоа ќе биде дестимулирачко за граѓаните кои сакаат да селектираат. Комуналните претпријатија не смее да станат кочничари на започнатите процеси за примарна селекција на отпадот.

Културата за селектирање и рециклирање на амбалажниот отпад е нешто на што треба да се работи континуирано. Нашите резултати велат дека од година во година постигнуваме напредок и успех, но сè додека секое домаќинство и угостителски бизниси го немаат ова како вообичаена пракса не можеме да кажеме дека сме ги постигнале целите. Ние сме сè уште во еден процес на развој и примена на оваа идеја”, додава Ивановски.

Пакомак и во иднина ќе настојува да придонесе кон го минимизирање на негативното влијание на амбалажниот отпад врз животната средина, да промовира поодговорен однос на компаниите кон амбалажниот отпад, овозможувајќи со тоа поквалитетен живот за нас и идните поколенија.