Нудејќи ги премиум производите на „Miele“, малопродажниот ланец „Нептун“ уште појасно ја зацврстува својата лидерска позиција како компанија која се движи синхронизирано со новите технологии и прогресивните идеи Од основањето во далечната 1899-та година, германската компанија „Miele“ е посветена на желбите и преференците на потрошувачите како и на грижа за …
Повеќе »Раст на одобренијата за градење во март за 4.0 %, а на предвидената вредност на објектите за 244.2 %
Во март 2025 година, беа доделени 334 дозволи за градба, што претставува пораст од 4,0% во споредба со истиот период претходната година. Според официјалните документи за градба, проценетата вредност на проектите достигнува 20.153.302 илјади денари, што е импресивен скок од 244,2% во однос на ланскиот март, објави Државниот завод за …
Повеќе »ИФФК „Браќа Манаки” со повик за учество во проектот „Кадар-на” (Her frame)- меѓународна програма за поголема присутност на жените во филмската индустрија
ИФФК „Браќа Манаки” како дел од проектот „Кадар-на” (анг. HER FRAME, во буквален превод „Нејзин кадар”) ја поддржува иницијативата за надминување на родовата нерамноправност во филмскиот сектор. Проектот „Кадар-на” е поддржан од Британскиот совет како дел од проектот „Култура и креативност за Западен Балкан” (анг. Culture and Creativity for the …
Повеќе »Швајцарската компанија „Ронтис“ ќе инвестира во Македонија – ќе вработи 500 лица
Швајцарската фармацевтска компанија „Ронтис“ ќе инвестира десетици милиони евра во Македонија и ќе отвори повеќе од 500 работни места, изјави денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, по увидот на градежните активности на проектот изградба на детска градинка во населено место Инџиково, во Општина Гази Баба. Во одговор на новинарско прашање …
Повеќе »РобоМак 2025: Натпревар по роботика, автоматика, електроника и вештачка интелигенција
Меѓународниот натпревар по роботика, автоматика, електроника и вештачка интелигенција „RoboMac 2025” започнува денес и ќе трае до 17 мај, а е организиран од страна на Факултетот за електротехника и информациски технологии. Скопје по 13-ти пат ќе биде домаќин на над 70 млади иноватори и стручњаци од државата и од светот. …
Повеќе »Во Новаци расправа за експлоатација на јаглен од Живојно за РЕК Битола
Министерството за животна средина и просторно уредување денес ќе спроведе јавна дискусија во Општина Новаци, во врска со Студијата за проценка на ефектот врз околината за проектот ископување на јаглен од локалитетот во Живојно со површинска метода, кој е во склоп на РЕК Битола. Оваа јавна дебата се организира по …
Повеќе »Велика Британија размислува за ограничување на визите за квалификувани работници
Владата на Велика Британија ги обелодени плановите за ограничување на визите за квалификувана работна сила, со предлог овие визи да бидат доделени само за работни позиции кои бараат високо образование. На овој начин, Лондон има намера да го редуцира имиграцискиот бран и да ги охрабри компаниите да го засилат тренирањето …
Повеќе »„Макпетрол“ и „Телма“ во соработка со Сашко Коцев почнуваат нова забавна детска емисија
Емисија за најмладите е резултат на соработката меѓу „Макпетрол“ и „Телма“ со популарниот актер Сашко Коцев. Забавниот проект, наречен „ЛОЛ со Макпетрол“, денес во 16:15 часот ќе ја има премиерата на фреквенцијата на националниот ТВ-канал. Публиката ќе има можност да ужива во смеата секоја недела во споменатиот термин. Како што …
Повеќе »Ивановски и Поп Арсова – победници на 9.издание на HalkEco Скопје Трча 10 км
Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова се победници на денешното 9.издание на HalkEco Скопје Трча 10 км , на која учествуваа околу 1700 тркачи. Ивановски патеката ја истрча со време 30:59 минути. Второто место му припадна на Муџахид Мислими, со време 32:22 минути, а третото на Димитар Илиев, со време …
Повеќе »Поглаварот на МПЦ-ОА, Стефан, до новоизбраниот Папа Лав XIV: Ви го честитаме изборот за 267-ми папа на римската столица
Главатарот на МПЦ-ОА, aрхиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, испрати поздравен допис по повод назначувањето на новиот Папа Лав Четиринаесетти. “Ни претставува чест да Ви се обратиме по повод Вашиот избор за Поглавар на Католичката Црква,” се вели во писмото. “Дозволете Ни во овој историски момент за Вас, од името …
Повеќе »