Breaking News

Горан Стоименов, АПИС: НИКОЈ НЕ ГИ ПРАШУВА ПОЛИТИЧАРИТЕ КОГА ГОРДО СЕ СЛИКААТ ВО ЛАС ВЕГАС


Горан Стоименов од АПИС вели дека игрите на среќа не можат да бидат алиби за општествените девијации Ние сме претставници на реномирани странски компании од ЕУ и сметаме дека со нашето практично искуство можеме да дадеме свој придонес во еден широк консултативен процес во кој ќе учествуваат сите засегнати страни и конечно ќе се дојде до законски решенија кои ќе дадат одговори за грижите на граѓаните, наместо да создадат хаос и безредие со крајно штетни последици, кои многу тешко ќе се санираат, вели Горан Стоименов, претседател на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС), за Плус Инфо.


Законот за игри на среќа неодамна не помина во Собранието со што заврши процедурата за негово носење. Законот доби поддршка од 51 глас и не беа исполнети условите да се усвои во Собранието. Со тоа пропаднаа обидите измените да се донесат со европско знаменце и без стручна дебата, како што предупредуваа приредувачите на игрите на среќа.


Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС), Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) и Здружението на вработените во секторот игри на среќа „Сакам да работам“ подолго време предупредуваа дека ако се донесе овој Закон ќе стави клуч на вратите на обложувалниците и дека ќе остави 10.000 луѓе на улица, а во буџетот ќе скуси прилив од повеќе од 280 милиони евра годишно. На оваа тема зборува Горан Стоименов, претседател на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС).

Дали неизгласувањето на измените на законот за игри на среќа со потребното мнозинство го сметате за победа?


– Нема никаква основа за триумфализам, ниту сметаме дека има аргументи за поделба на победници и поразени. Укажавме признание на сите пратеници кои не гласаа за скандалозните и противуставни измени на Законот за игри на среќа после одлуката на Претседателот на Републиката да не го потпише указот за нивното стапување во сила. Покажаа дека имаат слух за нашите аргументи, го заштитија Уставот и спасија илјадници работни места. И покрај агресивната долготрајна негативна кампања против игрите на среќа, предизборните притисоци, останаа доследни на ставот дека нема да дозволат злоупотреба на ЕУ знамето за законски измени кои немаат никаква врска со хармонизација со европското законодавство. Упативме благодарност до официјалните претставници на ЕУ кои доблесно укажаа дека нема да премолчат злоупотреби кои нанесуваат директна штета на европските демократски вредности, чија имплементација во нашето општество на сите нивоа е клучна за исполнување на стратешките цели за полноправно членство во европското семејство.

Не знам дали забележувате, но постои една фрустрација во општеството дека надлежните институции се слаби пред моќта со која располагаат приредувачите на игрите на среќа, кои секогаш наоѓаат начин да ги заштитат своите бизнис интереси?


– Внимателно ја следиме дебатата од секој агол и може да оцениме дека постои една тенденција да се создаде перцепција дека приредувачите на игри на среќа се имуни на негативната кампања која се води против нас, веќе неколку години, секојдневно и без престан. Тоа, воопшто не е точно. Многумина од вработените во овој сектор се родители на малолетни деца и воопшто не се чувствуваат пријатно кога најрадикалните противници на игрите на среќа оценуваат дека објектите се закана за младината. И никој не си го поставува прашањето, на кој приредувач на игри на среќа му се потребни млади гости? За да го трошат џепарлакот што им го даваат родителите? Зарем некој верува дека игрите на среќа можат или сакаат од нив економски да опстојуваат? Како што никој не ја отвора дилемата зошто нашите сограѓани, важи и за политичарите, кога ќе отидат на туристички посети на Монако или Лас Вегас, гордо се фотографираат како гости на нивните казина? Зошто таму е „ин“ да играш игри на среќа, а во Македонија треба да биде „ерес“?

За целото интервју ТУКА