10/07/2025

ЛОКАЛНО

Финансиската полиција активно се вклучи во акцијата за контрола на кабареата, дискотеките и ноќните клубови

Финансиската полиција денес објави дека зема активно учество во обемната операција за проверка на функционирањето на објектите кои работат како кабареа, дискотеки и ноќни клубови низ државата и дејствува согласно нејзините законски овластувања. Според нивните зборови, сите ресурси на Финансиската полиција се ставени на располагање за потребите на оваа операција, …

Повеќе »

АВМУ остро го осудува говорот на омраза и повиците за насилство кон медиумите и новинарите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски сервиси (ААВМУ) го критикува говорот на омраза и поттиците за агресија кон медиумите и новинарите. “Повиците за напади на медиумите и медиумските работници директно ја загрозуваат безбедноста на новинарите и претставуваат напад врз слободата на изразување”, се констатира во денешното известување од ААВМУ. Воедно, …

Повеќе »

Триглав осигурување Живот донира за децата што останаа без родител поради трагедијата во Кочани

Во овие тешки мигови на длабока жалост и болка, Триглав осигурување Живот изразува искрено сочувство до фамилиите кои се погодени од несреќата во Кочани. “Свесни дека ништо не може да го врати изгубеното на саканите,” изјавија од компанијата. Тие додаваат дека одлучиле “да направат гест кој барем малку ќе придонесе …

Повеќе »

На регионалниот пат Неготино-Градско пронајдени мигранти од Египет

На 21.03.2025 околу 02.50 часот на регионалниот пат Неготино-Градско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода Т.Ј.(44) од Република Турција.  При контрола во возилото „рено клио“ со босански национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени пет лица мигранти од Египет, информираат од МВР. Возилото …

Повеќе »

МАТТО донира 3,3 милиони денари за семејства на настрадани во Кочани

Стопанската комора на Македонија – Турција МАТТО и нејзините членки донираат 3.300.000 денари за помош на фамилиите погодени од несреќата во Кочани. “Голема тага и жал не обви сите нас. Посакуваме повредените што побрзо да се опорават и да се вратат во прегратките на своите најблиски”, стои во соопштението на …

Повеќе »

МДТ апелира на одговорност, професионалност и заштита на медиумите и медиумските работници

Министерството за дигитална трансформација (МДТ) апелира на одговорност, професионалност и заштита на медиумите и медиумските работници. – Во овие најтешки моменти за македонската држава и народ од нејзиното осамостојување, како Министерство надлежно за уредување на прашањата поврзани со медиумите и медиумското работење, апелираме на одговорност, професионалност и заштита на медиумите …

Повеќе »

ЛА НИЊА ЌЕ ПРОДОЛЖИ ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛАТА ОВАА ГОДИНА: Ќе донесе поладно и поврнежливо време, со чести временски непогоди!

Метеоролошкиот феномен Ла Ниња кој носи поладно и поврнежливо време во нашиот дел од Европскиот Континент ќе продолжи и ќе го имаме во текот на целата оваа 2025 година, што значи оваа 2025 година кај нас ќе биде поладна, поврнежлива и со чести временски непогоди, а можни се и екстремни …

Повеќе »

Нови приведувања за пожарот во Кочани, состојбата на повредените стабилна

  Активностите на полицијата и на Обвинителството за истрагата за пожарот во Кочани во кој починаа 59 млади лица, а околу 200 се повредени, продолжија синоќа со акција за приведување на лица за кои постои сомнение за инволвираност. Според првичните информации, приведени се поранешните градоначалници на Кочани, Николчо Илиев и …

Повеќе »

Полицијата приведува повторно лица во врска со постапката за пожарот во Кочани

Во тек е акција на полициски екипи по наредба на Основното јавно обвинителство Кочани во врска со постапката за пожарот во клубот „Пулс”. Според првичните информации, приведени се поранешните градоначалници на Кочани, Николчо Илиев и Ратко Димитровски и градоначалникот во оставка Љупчо Папазов. Од Јавното обвинителство вечерва соопштија дека акцијата …

Повеќе »

Српското Министерство за информации бара отстранување на фотографии и видеа од погребот во Кочани

Српското Министерство за информации и телекомуникации денеска издаде јавно предупредување и побара од српските медиуми да ги отстранат фотографиите и снимките што „го нарушуваат достоинството на жртвите и нивните семејства“ од погребот на загинатите во пожарот во дискотека во Кочани, јави дописникот на МИА од Белград. „Со таквото дејствување, бројни …

Повеќе »