13/05/2025

ЛОКАЛНО

Бесплатно советувалиште и бесплатната мобилна СОС линија за погодените од трагедијата во Кочани

Националниот совет за родова рамноправност соопшти дека по последните настани и страшната загуба на младите животи во трагедијата во ноќниот клуб во Кочани, нуди бесплатни услуги за консултација во бесплатното советувалиште, како и на бесплатната мобилна СОС линија, достапна 24/7 од сите фиксни и мобилни оператори – 141700. -Исполнети сме …

Повеќе »

Пред Клиничката болница во Штип мирно

Од пред Клиничката болница во Штип роднините на повредените во пожарот во Кочани полека си заминуваат. Во Клиничката болница во моментов се хоспитализирани 39 лица кои се повредени во пожарот. Седум лица биле донесени починати од кои четворица се идентификувани- Во Клиничката болница во Штип донесени се седум деца без …

Повеќе »

ЕУ подготвена да и помогне на земјава околу трагедијата во Кочани

– Европската Унија е подготвена да помогнеме на Северна Македонија во справување со последиците од пожарот во ноќниот клуб во Кочани, изјави за МИА портпарол на Европската комисија.  – Подготвени сме да помогнеме преку нашиот Механизам за цивилна заштита, доколку тоа биде побарано, посочи портпаролот, при тоа изразувајќи жалење за …

Повеќе »

МВР за пожарот во Кочани: Осомничени над 20 лица, 15 се во полициска станица

– МВР во координација со Јавното обвинителство до овој момент во врска со синоќешниот пожар во ноќен клуб во Кочани има осомничено повеќе од 20 лица, од кои 15 се во полициска станица, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.  Легална лиценца за работа фирмата немала и повеќе детали, Тошковски …

Повеќе »

Вонредна седница на Општина Кочани, прогласена седумдневна жалост

Советот на Општина Кочани одржа вонредна седница по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс”. По едноминутната почит кон загинатите, претседателот на Советот Лазо Митев информираше дека прогласува седумдневна жалост во општината. Во трагедијата загинаа 59 лица, а 155 се повредени. За четири лица распишана е централна потерница, а досега извршени се …

Повеќе »

Дваесет и седум пациенти се транспортираат во болници во соседните држави

Дваесет и седум повредени во пожарот во Кочани ќе бидат транспортирани во здравствени установи во соседните држави. Министерството за здравство информира дека се организира авионски транспорт за најтешко повредените во пожарот. Петмина пациенти се упатуваат на лекување во Бугарија, од кои двајца се од хируршката клиника „Свети Наум Охридски” и …

Повеќе »

Тасулас со сочувство до Сиљановска-Давкова: Грција ќе пружи секаква неопходна помош

– Уверување дека Грција ќе пружи секаква неопходна помош, изразил грчкиот претседател Константинос Тасулас во пораката со сочувство за трагедијата во Кочани до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, јави дописничката на МИА од Атина. – Претседателот на државата, Константинос Тасулас во својата порака со сочувство до претседателката на Република Северна Македонија Гордана …

Повеќе »

Се откажуваат сите планирани настани во установите од културата во текот на следната недела

Министерството за култура и туризам во знак на почит кон настраданите во трагедијата што се случи рано утринава во Кочани и нивните семејства, информира дека сите планирани настани во установите од областа на културата во текот на следната недела се откажуваат. Министерот за култура и туризам Зоран Љутков по повод …

Повеќе »

Пет лица од Штип меѓу загинатите во Кочани, меѓу нив двајца членови на бендот ДНК

Во несреќата во дискотеката во Кочани, според првичните информации од Општина Штип, загинати се пет лица од оваа општина, од кои три деца.  Како што изјави градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, двајцата возрасни се директорот на Центарот за култура Филип Стевановски и вработен во основното училиште „Ванчо Прќе“ кои …

Повеќе »

Активирани стручни тимови за кризна интервенција и психосоцијална поддршка за семејствата на настраданите во Кочани

Министерството за социјална политика, демографија и млади соопшти дека во соработка со Меѓуопштинските центри за социјална работа во Кочани и Штип, веднаш презема мерки за поддршка на семејствата погодени од трагедијата што се случи рано утрово во кочанската дискотека. Во соопштението се наведува дека како одговор на оваа трагедија, на …

Повеќе »