Breaking News

Изгаснат пожарот во липковското село Виштица


Изгаснат е пожарот над липковското село Виштица, соопштија денеска од подружницата на „Национални шуми“ – Куманово. Пожарот избувна пред неколку дена и зафати ниска вегетација и деградирана шума.


Прво го гаснеа припадници на Територијалната противпожарна единица и на подружницата на „Национални шуми“. Поради непристапниот терен, пожарот се гаснеше неколку дена.


Вчера бил изгаснат и денеска не е активен, информираа од кумановската подружница на „Национални шуми“.

– Шумскиот пожар што зафати ниска вегетација и деградирана шума во село Виштица, Општина Липково е локализиран и веќе не е активен.


Вчера го изгасија две екипи на „Национални шуми“, изјави Луан Бајрами, раководител на кумановската подружница. ам/мд/Фото: МИА и подружница „Национални шуми“ – Куманово .

Извор: МИА