Breaking News

ЕКОНОМИЈА

НБ: Промени во задолжителната резерва за понатамошна поддршка на денаризацијата и зголемување на каматните стапки за 0,15 процентни поени

Каматната стапка на благајничките записи да се зголеми за 0,15 процентни поени до нивото од 6,15 отсто, одлучи Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на седницата што се одржа на 1 август, на која беа разгледани најновите податоци и информации за домашната и глобалната економија и најновите случувања …

Повеќе »

Одржана редовна седница на Советот на Народната банка и на Комитетот за оперативна монетарна политика

Промени во задолжителната резерва за понатамошна поддршка на денаризацијата и зголемување на каматните стапки за 0,15 процентни поени На 1 август 2023 година се одржа редовна седница на Советот на Народната банка на која беа донесени измени во Одлуката за задолжителна резерва. Седница одржа и Комитетот за оперативна монетарна политика …

Повеќе »

Пад во прометот во номиналната стапка во трговијата на мало со автомобилски горива

Во трговијата на мало во јуни годинава во споредба со јуни минатата година статистиката евидентира пад во прометот само во номиналната стапка во групата Трговија на мало со автомобилски горива и тоа за 21,2 проценти. Како што објави Државниот завод за сттаистика, зголемување на прометот е забележано во групите Трговија …

Повеќе »

Николовски ќе ги додели договорите за финансиска поддршка на мали дестилерии

Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска ќе бидат доделени договорите за финансиска поддршка на мали дестилерии. Како што информираат од МЗШВ, договорите ќе ги додели министерот Љупчо Николовски. фф/вг/Фото: МИА Архива . Извор: МИА

Повеќе »

МЗШВ: Повторно активен системот за наводнување Макарија, ќе следи обесштетување за штетите

Низ цевководот Макарија денеска е пуштена вода и системот за наводнување е повторно активен, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Оттаму, ги информираат земјоделците од Росоман и Градско дека предвидуваат и обесштетување за настанатите штети на овошните насади поради дефектот на системот за наводнување Макарија. -За рекордно време …

Повеќе »

Раст на БДП во Еврозоната во вториот кавртал од 2023, јулската инфлација 5,3 отсто

Сезонски прилагодениот БДП во второто тримесечје од годинава порасна за 0,3 отсто на квартално ниво во Еврозоната и остана непроменет на ниво на цела ЕУ, додека стапката на инфлација во зоната не еврото во јули се намали на 5,3 од јунските 5,5 проценти, соопшти денеска Статистичката служба на ЕУ – …

Повеќе »

Средба со економскиот тим на Амбасадата на САД: Народната банка придонесува за јакнење на отпорноста на банките

 Народната банка придонесува за јакнење на отпорноста на банките, било истакнато на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерите, Ана Митреска и Фадил Бајрами, со новиот шеф за економски прашања во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во земјава, Дејвид Мајерс и Јордан Дамчевски, виш економист во Амбасадата. …

Повеќе »

Саниран проблемот со системот за наводнување Макарија, од утре земјоделците од Росоман ќе имаат вода

Системот за наводнување Макарија е саниран, проблемот со оштетување е надминат, земјоделците во Росоман од утре ќе имаат вода, соопштија попладнево од Владата. – Благодарение на брзата реакција на Владата на Република Северна Македонија, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, АД Водостопанство, професорите од Градежниот факултет во Скопје, изведувачот како …

Повеќе »

МЗШВ: Активно се работи на обезбедување дополнителни количини вода за Светиниколско, се решава наводнувањето на Овчеполието

Aктивно работиме на обезбедување на дополнителни количини на вода за светиниколско. Вработените од подружницата на АД Водостопанство, заедно со локалните канцеларии на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, веќе одреден период се на терен на разговори со земјоделците, при што заеднички со нив се подготвува планот за наводнување за оваа …

Повеќе »

„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава, економијата ќе се стабилизира, долгот ќе се одржува на стабилно ниво

Економскиот раст во земјава на среден рок ќе се стабилизира, значаен имплус ќе даде приватната потрошувачка и инвестициите, вклучително и капиталните инвестиции. Дополнително влијание врз економските перспективи ќе има и напредокот во ЕУ интергацијата, која ќе придонесе и за зајакнување на структурните и институционалните капацитети, е нотирано во најновиот извештај …

Повеќе »