Breaking News

Пад во прометот во номиналната стапка во трговијата на мало со автомобилски горива


Во трговијата на мало во јуни годинава во споредба со јуни минатата година статистиката евидентира пад во прометот само во номиналната стапка во групата Трговија на мало со автомобилски горива и тоа за 21,2 проценти.


Како што објави Државниот завод за сттаистика, зголемување на прометот е забележано во групите Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално за 11,5  проценти, а реално за еден процент, Трговија на мало, освен трговија со горива номинално за 10,9  проценти, а реално за 1,8  проценти и Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво номинално за 10,3  проценти, а реално за 2,8  проценти.


лв/дма/фото: МИА архива   .

Извор: МИА