Breaking News

„Еуроникел индустри”: Незаконски приклучоци ни прават штета и претставуваат закана за производството


Несовесни луѓе со незаконски приклучоци на технолошката вода ни предизвикуваат штета и се закануваат на производствениот процес, алармираа денеска од кавадаречката компанија ,,Еуроникел индустри”.


 – Се известуваат сите граѓани на Општина Кавадарци и околните мештани дека фабриката „Еуроникел индустри” ДОО село Возарци Кавадарци, во летниот период се соочува со потешкотии настанати како резултат на незаконити приклучоци на водоводната мрежа, односно на доводниот цевковод за технолошка вода, која фабриката ја снабдува од акумулацијата Тиквеш Кавадарци, информираа од компанијата.


 Со ова известување, додадоа од фабриката, упатуваат апел до сите „несовесни” граѓани, да се воздржат од вакви незаконски дејства кои не само што предизвикуваат материјална штета на компанијата за која се преземаат законски мерки преку органите на кривичниот прогон, но и постапки за соодветно обесштетување, туку воедно претставуваат и закана за производствениот процес.

– Повикуваме со должно внимание да се пристапи на оваа состојба, како би се спречиле несакани последици и би се избегнале загуби и инциденти во технолошко – производствениот процес, известија од компанијата.


свд/мч/Фото: „Еуроникел индустри” .

Извор: МИА