Breaking News

Блумберг: ЕУ ќе мора да ја удвои помошта за Украина, доколку нема американска поддршка


Европската унија ќе мора да ја удвои воената помош за Украина доколку САД не одобрат поддршка за Киев, пишува Блумберг, повикувајќи се на извештај на германскиот институт за светска економија.


На 1 февруари земјите од Европската унија се договорија да доделат 50 милијарди евра за Украина од 2024 до 2027 година.


Програмата за помош претпоставува дека украинската страна ќе добие 17 милијарди евра во форма на грантови, а уште 33 милијарди евра во форма на заеми.

Според условите на договорот, овие средства не можат да се користат за воените потреби на украинската армија.


На 13 февруари, американскиот Сенат го поддржа нацрт-законот со кој се обезбедува помош од повеќе од 95 милијарди долари за Украина, Израел и кинескиот Тајван.

Според нацрт-законот, Киев треба да добие повеќе од 60 милијарди долари, но претседателот на Претставничкиот дом на САД, Мајк Џонсон рече дека Долниот дом на Конгресот ќе го игнорира нацрт-законот, бидејќи тој не вклучува мерки за зајакнување на јужната граница на САД.


Претставничкиот дом во моментов е на одмор до 28 февруари. Институт наведува дека главниот товар на помошта за Украина во моментов го носат Велика Британија, Германија и скандинавските земји.

мс/фото: МИА архива .


Извор: МИА