Breaking News

Toni Ivanoski

Без струја делови од Сарај, Ѓорче Петров, Центар и Карпош, вода ќе нема на неколку улици во Карпош

Без струја денеска ќе бидат повеќе делови во општините Сарај, Ѓорче Петров, Центар и Карпош, а вода ќе нема на неколку улици во Карпош, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи. Од 10 до 13 часот без струја ќе бидат делови од село Кондово, село Кучково (викендици), село Грачани …

Повеќе »

Соопштување на добитникот на наградата „Роман на годината“

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ денеска на прес-конференција ќе го соопшти името на годинашниот лауреат. Како што информираат организаторите на настанот, прес-конференцијата ќе се одржи на пладне во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје (позади кино „Култура“). фф/вг/ Фото: МИА Архива Скопје, 15 март 2023 (МИА)

Повеќе »

Промоција на „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски во Битола

Во НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Битола денеска ќе се одржи промоцијата на романот „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски. Како што информираат од Издавачки центар ТРИ, Винка Саздова ќе разговара со Венко Андоновски за сите прашања што ги покренува овој роман – животот, суетата, пријателството и верноста, …

Повеќе »

Презентација на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди Инклудиран“

\Во Скопје денеска во рамки на третата проектна кампања ќе биде претставен проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, финансиран од Европската Унија. Проектот ќе се реализира до мај годинава, а предвидено е да се одржат осум регионални настани во осумте плански региони. Инклузија и инклузивно образование, претставување на проектот …

Повеќе »

Облачно и посвежо со врнежи од дожд и снег

Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Попладне и во текот на ноќта на места врнежите ќе бидат пообилни, а поради продор на постудена воздушна маса со засилен северен ветер ќе преминуваат во снег на повисоките и на некои …

Повеќе »

Презентација на новите мерки за поддршка на малите производители на храна и пијалаци

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска во Скопје ќе ги презентира новите мерки за поддршка на малите производители на храна и пијалаци. Настанот е во рамки на теренската информативна кампања на Министерството за запознавање на земјоделците со новите мерки, а е поддржан од Програмата за зголемување на пазарната вработливост …

Повеќе »

Претседателот Пендаровски во посета на Обединетите Арапски Емирати

Претседателот на државата Стево Пендаровски, придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска, престојува во официјална посета на Обединетите Арапски Емирати. Како што е најавено, Пендаровски денеска во Абу Даби ќе биде примен од Шеик Мохамед бин Зајед бин Султан Ал Нахјан, претседател на Обединетите Арапски Емирати и владетел на Абу Даби. Во …

Повеќе »

Министерот Османи во официјална посета на Шведска

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе престојува во официјална посета на Кралството Шведска, актуелен претседавач со Советот на ЕУ. Во делегацијата на министерот Османи е и претседателот на парламентарната Комисија за европски прашања Арбер Адеми. Османи, како што соопшти МНР, ќе оствари средба со својот шведски колега, министерот …

Повеќе »

На една година пред следните избори, повторно подготовки за разговори за изборни реформи

На една година пред следните претседателски, а потоа и парламентарни избори повторно се прави обид за изборни реформи и нов изборен законик. Овој пат состанокот го свикаа Националниот демократски институт и Министерството за правда, а на него присуствуваа претставници на политичките партии, државните институции, универзитетски професори, како и на граѓански …

Повеќе »

Продолжение на 71. седница во Парламентот

Собранието денеска треба да ја продолжи 71. седница, на која на дневен ред се повеќе точки. Се очекува пратениците да дебатираат за годишните извештаи на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето, почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права 2021, за работата на Судскиот совет за 2021 и на …

Повеќе »