Breaking News

Toni Ivanoski

Речиси 50.000 наставници во Нов Зеланд почнаа штрајк за поголеми плати и услови во училиштата

Речиси 50.000 наставници од Нов Зеланд денеска ги напуштија училниците барајќи подобри плати, услови и ресурси додека левичарската Лабуристичка партија на премиерот Крис Хипкинс се обидува да ја врати поддршката. Наставниците, традиционално клучна гласачка база за лабуристичката влада, се најновите јавни службеници кои ја напуштија работата барајќи повеќе средства за …

Повеќе »

Битиќи во посета на компанијата за производство на стакло „Глас Флекс“

Заменик- претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска ќе ја посети компанијата за производство на стакло „Глас Флекс“. Компанијата работи во склоп на ТИРЗ – Тетово. ев/са/

Повеќе »

Маричиќ: Ќе се формира експертска група за уставните измени, да го искористиме политичкиот моментум за евроинтеграциите

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на брифингот со новинарите во Брисел порача дека државава не треба да го пропушти политичкиот моментум што го има оваа година во пристапниот процес, најавувајќи во исто време дека ќе се формира експертска група којашто ќе ги формулира амандманите за уставните измени. Како што …

Повеќе »

Во Брисел продолжува објаснувачкиот скрининг за Кластерот 4, во подготовка извештаите на ЕК за кластерите 1 и 2

Во Брисел денеска продолжува објаснувачкиот скрининг состанок за Кластерот 4, со Поглавјето 21 за Трансевропска мрежа, заедно со Поглавјето 15 – Енергетика. Во исто време, како што брифираат извори од Европската комисија, во подготовка се извештаите за скрининг процесот за Кластерот 1 – Темели и Кластерот 2 – Внатрешен пазар. …

Повеќе »

Поевтино млеко и тестенини, можни интервенции и за цените на овошјето и зеленчукот

Во маркетите од денеска треба да се продаваат тестенини со намалени цени за 15 проценти, а дел од млечните производи за 10 проценти. Министерството за економија се уште анализира дали ќе ја прошири владината одлука за замрзнати цени и за јајцата, шеќерот и оризот. Не е исклучена можноста за такво …

Повеќе »

Владина комисија треба да се изјасни за преименувањето на здружението „Ванчо Михајлов“

Денеска истекува рокот кога владината Комисија за употреба на имиња треба да донесе став и да го достави до Министерството за правда во врска со прашањето за преименување на бугарското здружение „Ванчо Михајлов“ од Битола, заради усогласување со измените на Законот за здруженија. Врз основа на ставот на Комисијата, министерот …

Повеќе »

Пред пратениците законски измени за поедноставна и побрза достава на лекови

Во Собранието денеска ќе се гласа за изменување и дополнување на Законот за здравствено осигурување, по скратена постапка, чиј предлагач е Владата. Што побрзо се усвојат законските измени, толку побргу пациентите ќе имаат поедноставна и побрза достава на сите лекови, изјави деновиве проф. д-р Ана Данева Маркова, советник за здравство …

Повеќе »

Избор на уставен судија и Предлог законот за амнестија на осудените од 27 април пред пратениците

Предлогот за избор на судијата Елизабета Дуковска од Апелацискиот суд Скопје за судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија е на дневен ред на денешната 106. собраниска седница. Дуковска е предлог на Судскиот совет на Република Северна Македонија за нова уставна судијка. Таа е судијка од 2004 година, работела …

Повеќе »

Редовна седница на Советот за социјална сигурност за новата методологија за усогласување на пензиите

Во Владата денеска ќе се одржи вториот состанок на Советот на социјална сигурност, на кој ќе се усвојува и потврдува зголемувањето на пензиите. На состанокот со кој ќе претседава министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, ќе учествува и ќе се обрати премиерот Димитар Ковачевски. Владата најавува учество на …

Повеќе »

Седници на две собраниски комисии

Во Собранието денеска седница ќе одржат Законодавно-правната комисија и Комисијата за економски прашања. Членовите на Комисијата за економски прашања ќе дискутираат за Предлог на законот за дополнување на Законот за возила, во второ читање. На дневен ред на Законодавно-правната комисија се неколку точки – Предлог на законот за дополнување на …

Повеќе »