Breaking News

Промоција на „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски во Битола


Во НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Битола денеска ќе се одржи промоцијата на романот „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски.


Како што информираат од Издавачки центар ТРИ, Винка Саздова ќе разговара со Венко Андоновски за сите прашања што ги покренува овој роман – животот, суетата, пријателството и верноста, прочистувањето на душата, потрагата по суштината.


Оттаму посочуваат дека Венко Андоновски одново блесна со новиот роман што се распродаде за помалку од еден месец. Андоновски ја доби наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија за најдобро прозно остварување за 2022 година. фф/вг/

Скопје, 15 март 2023 (МИА)