Toni Ivanoski

Османи на министерски состанок за Западен Балкан во Рим

Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Рим ќе учествува на министерскиот состанок за Западен Балкан, на покана од потпретседателот на Владата и министер за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, Антонио Тајани. Османи, како што најавуваат од МНР, ќе има излагање на двете сесии на министерскиот состанок …

Повеќе »

Дваесет и пет вагони излетале од шините во државата Монтана, нема информации за повредени

Околу 25 вагони од товарен воз излетаа од шините вчера во северозападниот дел на државата Монтана, а нема извештаи за повредени или евакуација, соопштија властите. Вагоните, за кои се верува дека не превезувале ништо опасно, излетале од шините во близина на градот Парадајс покрај реката Кларк Форк, изјави Бил Браун, …

Повеќе »

Трибина во МНТ по повод 78 години од првата премиера

По повод 78 години од првата премиера, Македонскиот народен театар – Скопје денеска организира трибина „Македонскиот драмски автор на сцената на МНТ“. Модератор ќе биде професорката Ана Стојаноска, а за значењето на драмскиот автор ќе зборуваат авторите Јордан Плевнеш, Русомир Богдановски, Дејан Дуковски, Блаже Миневски и Сашо Димоски, чии драмски …

Повеќе »

Вашингтон пост: Министерството за правда има нови докази дека Трамп ја попречувал истрагата

Американското Министерство за правда и агенти на ФБИ собраа нови докази кои укажуваат дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп можеби ја попречувал истрагата за доверливите документи пронајдени во неговиот имот во Флорида, објави денеска Вашингтон пост. Агентите на ФБИ заплениле неколку илјади владини документи во август минатата година, некои од …

Повеќе »

Интерактивна изложба „Вселена.Човек.Интелигенција“

Во Скопје денеска ќе биде отворена интерактивна изложба која ќе опфати пет големи тематски области како вселена, историја на човештвото, мозок, антропоцен и вештачка интелигенција. Како што најави Гете институтот – Скопје, изложбата ќе ја отвори заменик-амбасадорот на Сојузна Република Германија Ото Граф, а ќе има претставници и од Министерстовото …

Повеќе »

Избори/Бугарија: По обработени 71,64 отсто податоци во ЦИК, во новиот парламентот влегуваат шест партии

По обработени 71,64 отсто од записниците во ЦИК на Бугарија, шест партии влегуваат во новиот Парламент. На прво место е коалицијата ГЕРБ-СДС со 26,33 отсто, или 448.705 гласови, а потоа следи коалицијата „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ – 24,89 отсто (424.165). Трета со 14,76 отсто или 251.599 гласови е …

Повеќе »

Промоција на книгата „Ѓорѓи Доневски – доајен во зачувувањето на фолклорното творештво од Егејска Македонија“

Промоција на книгата „Ѓорѓи Доневски – доајен во зачувувањето на фолклорното творештво од Егејска Македонија“ од проф. д-р Наташа Диденко, виш научен соработник при Институтот за национална историја − Скопје, ќе се одржи денеска во Скопје. Рецензенти и промотори на книгата ќе бидат проф. д-р Билјана Ристовска-Јосифовска и Мишо Китановски. …

Повеќе »

Се ограничуваат цените на доматите, пиперот, кромидот, бананите, портокалите, лимонот,…

Владата денеска треба да ги утврди највисоките цени на дел од овошјето и зеленчукот. Со одлуката ќе бидат опфатени домати, краставици, кромид, карфиол, пипер, грав, леќа, банани, портокали, мандарини и лимон. Како што соопшти министерот за економија Крешник Бектеши, анализите на податоците за овие производи се завршени. Бектеши воедно ги …

Повеќе »

Продолженија на четири собраниски седници, пратениците ќе расправаат за предлог за избор на уставен судија

Во Собранието денеска се закажни продолженија на четири седници. На дневен ред на 106-та седница е Предлогот за избор на судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија, како и други точки, меѓу кои, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри во …

Повеќе »

Облачно со пороен дожд, а на планините снег

Времето денеска ќе биде облачно, почнувајќи од јужните делови со врнежи од дожд, кои попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе бидат поројни и обилни (над 30 л/м2). На планините и на некои повисоки места во западните делови врнежите до крајот на денот ќе преминат во снег, а …

Повеќе »