Breaking News

Интерактивна изложба „Вселена.Човек.Интелигенција“


Во Скопје денеска ќе биде отворена интерактивна изложба која ќе опфати пет големи тематски области како вселена, историја на човештвото, мозок, антропоцен и вештачка интелигенција.


Како што најави Гете институтот – Скопје, изложбата ќе ја отвори заменик-амбасадорот на Сојузна Република Германија Ото Граф, а ќе има претставници и од Министерстовото за образование и наука, активистот и основач на апликацијата „Мој воздух“ Горјан Јовановски и заменик-директорот на Гете-институт Скопје Фалк Шлајхер.


Изложбата „Вселена.Човек.Интелигенција“, е приспособена на целната група со разбирливи текстови, разни слики, графици, инсценации, анимации, филмови, поткасти и интерактивни елементи.

Цел на изложбата е да им покаже на изучувачите на германскиот јазик и на сите заинтересирани за Германија, дека истражувачката дејност во Германија ужива висок статус и е важен дел од германската култура. Содржините на изложбата се конципирани за млади изучувачи на германскиот јазик и се изготвени на германски и англиски јазик. мс/мд/