Breaking News

Toni Ivanoski

Невремето затвори 29 патни правци во Романија

Поради невремето затворени се 29 национални патни правци ширум Романија. Силниот ветер и снегот го отежнуваат чистењето на патиштата. Метеоролозите предупредија дека ќе продолжи да паѓа снег, ветерот на места ќе достигне брзина од 70 километри на час, а можна е и појава на голомразица. Поради невремето во одредени делови …

Повеќе »

Ангеловска-Бежоска: Стабилноста на девизниот курс е сидро на ценовната и финансиската стабилност

Стабилноста на курсот на денарот и во текот на последната криза се покажа како сидро на стабилноста во домашната економија. Стратегијата на фиксен девизен курс спречи поголеми инфлациски притисоци, а придонесува и кон одржување на финансиската стабилност со оглед на релативно високата евроизација во кредитното портфолио на банкарскиот систем, порача …

Повеќе »

Националниот парк „Галичица“ доби современа лабораторија за едикативни и мониторинг активности

Јавната Установа „Национален парк Галичица“ од Охрид доби современа лабораторија, наменета за надополнување на активностите во полето на еколошка едукација и на работата на Националниот парк во редовните мониторинг активности. Станува збор за активности спроведена во рамки на проектот „Заштита на пештерските еко-системи и загрозените растителни и животински видови во …

Повеќе »

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, …

Повеќе »

Почнува 14. Меѓународно биенале на млади уметници во МСУ – Скопје

Во Музејот на современа уметност во Скопје денеска ќе биде отворено 14-то Биенале на млади уметници со наслов „Будења“ („Awakenings“). -Годинашната тема „Будења“ ги потикнува младите уметници да ги изразат своите размислувања, дилеми, не/сигурност, не/согласувања и амбиции, на прагот пред нивното осамостојување и напуштањето на комфорната зона при соочувањето со …

Повеќе »

Студија „Северна Македонија на европската изборна мапа: колку е пропорционален македонскиот изборен модел?“

Презентација на студијата „Северна Македонија на европската изборна мапа: колку е пропорционален македонскиот изборен модел?“ ќе се одржи денеска во библиотеката „Браќа Миладиновци“ – Скопје во организација на Институтот за демократија. -Оваа студија го анализира степенот на пропорционалност помеѓу распределбата на гласови и распределбата на пратенички места во македонскиот изборен …

Повеќе »

Регионален настан во Куманово во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

Во салата на Комитет во Куманово денеска ќе се одржи регионален настан во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, на кој претставници од повеќе интитуции, установи, поединци, граѓански организации ќе разговараат за инклузијата и инклузивното образование. Проектот го спроведува Фондацијата „Чекор по чекор“, заедно со партнерите Здружението …

Повеќе »

Дискусија за дозволи за градба на објекти за примарна обработка на земјоделски производи

Јавна панел дискусија на тема „Изнаоѓање на решенија за легализација, пренамена и упростување на постапката за добивање на дозволи за градба на објекти за примарна обработка на земјоделски производи – во и вон населено место“ ќе се одржи денеска во Скопје. Организатори на панел дискусијата се Министерството за земјоделство, шумарство …

Повеќе »

Седници на две собраниски комисии

Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија. Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе одржи работна средба за заклучоците од надзорната расправа на тема „Примената на законските одредби на Законот за неевидентирани лица во матична книга на родени“. …

Повеќе »

Собранието ќе го одбележи Меѓународниот ден на Ромите

Во Собранието денеска Интерпартиската парламентарна група за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција во Република Северна Македонија (ИППГ) заедно со Комитетот за односи меѓу заедниците ќе го одбележат Меѓународниот ден на Ромите. Како што е најавено, поздравни обраќања ќе имаат претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателка на …

Повеќе »