Breaking News

Загриженост во ОН поради плановите на Израел да ги насочи нападите кон Рафа


Шефот на хуманитарната организација на ОН, Мартин Грифитс, изјави дека е „екстремно загрижен“ поради плановите на израелската армија да ги прошири воените операции до пограничниот град Рафа во Појасот Газа, каде внатрешно раселените палестински цивили живеат во исклучително тешки услови и од кадешто немаат каде да се засолнат.


– Повеќе од половина од населението на Газа сега е во Рафа, град кој претходно имал само 250. 000 жители, и тоа веднаш на прагот на Египет. Условите за живот се многу тешки.


Ним им недостасуваат основните потреби за преживување, посочува Грифитс во писмената изјава. Тој потенцираше дека потенцијалните борби во Рафа се закануваат да однесат повеќе животи.

– Тоа ја става во опасност хуманитарната операција која веќе е придружена со несигурност, оштетена инфраструктура и ограничен пристап. Едноставно кажано, оваа војна мора да престане, истакна Грифитс.


ссм/фото: ДПА .

Извор: МИА