Breaking News

Tag Archives: СВЕТ

Растот на руското производство е најголем од август 2006 година

Производната активност на Русија се прошири со најбрзо темпо во повеќе од 17,5 години во март во услови на извонреден пораст на побарувачката на клиентите, покажаа денешните податоци од анкетата на менаџерите за набавки од S&P Global, јави ДПА. Руската производна активност забележа најдобри перформанси од август 2006 година. Силниот …

Повеќе »

Катимерини: По најголемиот изборен пораз, Ердоган повеќе не е непобедлив

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган на вчерашните локални избори во Турција го претрпе најголемиот изборен пораз и повеќе не е непобедлив во турската политичка арена, се вели во анализата што денеска ја објави грчкиот весник Катимерини. Како што е наведено, не е само загубата на три града – Истанбул, Анкара и …

Повеќе »

Чиполоне: За поголем економски раст потребно е зголемување на реалните плати 

Реалните плати во ЕУ мора да се зголемат доколку сакаме трајно економско зајакнување и поголема стапка на раст на економијата, смета членот на Извршниот одбор на Европската централна банка (ЕЦБ), Пјеро Чиполоне.  – Доколку реалните плати не се зголемат, тоа може да доведе до раст на ризикот од долготрајна економска …

Повеќе »

Рускиот ракетен крстосувач Варјаг навлезе во Средоземното Море

Рускиот ракетен крстосувач Варгјаг, предводник на руската Пацифичка флота, денеска помина низ Суецкиот канал и навлезе во Средоземното Море, соопшти руската Пацифичка флота. Наведено е дека „Варјаг“ поминал низ Црвеното Море ден претходно, пренесува агенцијата ТАСС. Се додава дека „Варјаг“ ќе оперира во Средоземното Море во согласност со претходно одобрениот …

Повеќе »

Израелската армија се повлекува од болницата Ал-Шифа

Израелската армија се повлече од болницата Ал-Шифа во градот Газа во текот на ноќта, две недели по почетокот на нејзината воена операција таму, според палестинските извештаи од утрово, јави ДПА. Локалните медиуми објавија дека операцијата предизвикала сериозно уништување на зградите на најголемиот медицински комплекс во Појасот Газа. Портпаролот на израелската …

Повеќе »

Бегај: Албанија непоколебливо ќе продолжи да придонесува за мирен свет

Претседателот Бајрам Бегај денеска упати порака по повод 15-годишнината од членството на Албанија во НАТО, во која нагласува дека неговата земја ќе продолжи да биде непоколеблива и да придонесува за мирен свет заедно со сојузниците. „Датумот 1 април 2009 година ја оживеа евроатлантската визија на Албанците да бидат дел од …

Повеќе »

Си-Ен-Ен: Спикерот Џонсон идната недела ќе го стави на гласање законот за помош на Украина

Долниот дом на американскиот парламент може да гласа за доделување помош на Украина на 9 април кога конгресмените се враќаат на работа по велигденските празници, изјави синоќа за Си-Ен-Ен Мајк Лоулер, конгресмен републиканец. Тој кажа дека е убеден во тоа откако разговарал со Мајк Џонсон, спикер на Претставничкиот дом. Џонсон …

Повеќе »

Израел ја уапси сестрата на Исмаил Ханија, лидерот на Хамас

Израелските безбедносни сили ја уапсија сестрата на лидерот на Хамас Исмаил Ханије во Тел Шева под сомнение дека имала врски со Хамас и учествувала во поттикнување и поддршка на тероризам, објавија изутринава израелските медиуми и израелската полиција. Во полициското соопштение се наведува дека приведената осомничена е близок роднина на висок …

Повеќе »

Ердоган: Изборите за нас се пресвртница, имаме уште четири години да ги исправиме грешките

Турската демократија ја докажа својата зрелост. Денешните избори за нас се пресвртница, а не крај. Секој гласач победи, без разлика дали гласал за нас или не, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по дебаклот на АКП на локалните избори во Турција. АКП на Ердоган ги загуби сите поголеми градови на …

Повеќе »

Киев: Соборени се два од трите руски дронови лансирани во текот на ноќта

Во текот на ноќта, украинските воздухопловни сили соборија два од трите дронови „Шахед“, лансирани од Русија, соопшти украинската армија. Генералштабот во својот извештај на Фејсбук не соопшти повеќе детали за нападот. Не е јасно дали дронот што не бил пресретнат стигнал до целта. Медиумите забележуваат дека ноќта била релативно мирна …

Повеќе »