Breaking News

Шефот на албанската дипломатија, Игли Хасани, во посета на Хашим Тачи во Хаг


– Албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Игли Хасани во Хаг го посетил поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, кому му се суди за воен злосторства, при што му ветил дека ќе сторат се за отворен и транспарентен судски процес.


„Албанската дипломатија, како и досега, ќе инсистира на спроведување на стандардите за отворен и транспарентен судски процес, со целосно почитување на човековите права согласно меѓународните конвенции.


Албанскиот народ не ги заборава напорите или жртвите на своите синови, како вчера во војна и денес во мир“, напиша Хасани на социјалните мрежи.

Тој додава дека го информирал за најновите случувања во Албанија, но и оние во регионот, како и за напорите на Албанија за мир, стабилност и развој.


„Свесни дека судските постапки се маратон со подеми и падови. Во трката победува оној кој е психолошки подготвен.

На господинот Тачи му ги пренесов најубавите желби на највисоките владини и државни лидери, премиерот Еди Рама и другите колеги, како и уверувањето дека, како и досега, нашата поддршка нема да изостане во никој случај и за ништо“, напиша Хасани.


Посетата доаѓа ден по одлуката на Парламентарното собрание на Советот на Европа да го отвори патот за членство на Косово. вт/сд/Фото: принтскрин Хасани ФБ .

Извор: МИА