Breaking News

Премиерот Ковачевски и Наумов ќе информираат за поддршката на компаниите преку Развојната банка


Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со директорот на Развојна Банка, Кире Наумов, денеска на прес-конференција ќе информираат за поддршката на компаниите преку Развојната банка за економскиот раст на државата.


Како што информираат од владината прес-служба, на прес-конференцијата ќе присуствуваат и вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори, Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими, како и министерот за економија, Крешник Бектеши.


фф/аа/Фото: МИА Архива .

Извор: МИА