Breaking News

Откупната цена на тутунот повисока за 10 отсто


Сите откупни компании од денеска ќе го откупуваат тутунот по повисока цена за десет проценти.


Како што информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на средба со новинарите, оваа одлука компаниите ја донеле синоќа.


Цената на тутунот најпрво ја зголеми Тутунскиот комбинат Прилеп, а веднаш потоа и Владата излезе со дополнителна поддршка за тутунарите.

Тие ќе добијат плус 20 – 30 денари субвенција, а од 2024 година и „зелена нафта“, како и 6 000 денари поддршка за хектар површина.


Како што оцени Николовски, субвенцијата би требало да достигне рекордни 100 – 110 денари, зависно од пресметките на крајот од откупот. мч/дма/Фото:МИА архива .

Извор: МИА