Breaking News

Османи – Коен во Њујорк: Заемни заложби за развој на односите и зајакнување на врските меѓу регионите


Шефот на дипломатијата Бујар Османи се сретна со министерот за надворешни работи на Израел, Ели Коен, во рамки на 78-то Генерално Собрание на Обединетите нации, што се одржува во Њујорк.


Како што соопшти МНР, соговорниците ги реафирмираа заложбите за понатамошно зајакнување на билатералните односи, со посебен фокус на економската соработка и бизнис релациите, а беше поздравена и одличната соработка во меѓународните организации.


-Северна Македонија како полноправна членка на Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот – ИХРА има значајна улога во глобалната борба против антисемитизмот.

Остануваме посветени на нашата определба за сеќавањето, образованието и истражувањето на холокаустот, како и на борбата против говорот на омраза, лажните вести и други негативни појави со коишто сите се соочуваме, истакна Османи.


На  средбата стана збор и за безбедносните предизвици и актуелни состојби во двата региони, при што беа нагласени заедничките заложби за промовирање на мирот и безбедноста како наш значаен и споделен интерес, стои во соопштението.

вг/Фото: МНР .


Извор: МИА