Breaking News

Одличен настап на кугларите на „Макпетрол” во Хрватска


Македонските шампиони во куглање, тимот на „Макпетрол” учествуваше на меморијалниот турнир „Владимир Хуис-Голубек” во Забог, Хрватска и оствари одличен резултат. Како екипа, тие соборија 3.660 дрва, што е исклучително блиску до рекордот на кугланата во која што се одржува турнирот, односно 3.728 дрва.


Индивидуално, членовите на „Макпетрол” ги забележаа следните резултати: Милош Радојчиќ (625), Младен Донковски (623), Сашо Трпковски (617), Душко Ајдин (609), Дарко Марковиќ (595), Владимир Даниловски (591), Јовица Блажевски (587), Владан Мацановиќ (584) и Ибрахим Мемеди (579).


Првите четири куглари се пласираа во финалето што ќе се одигра на 30 април.

На 23 април во утринските часови во кугланата „Грмошница” во Загреб „Макпетрол” одигра пријателски натпревар со истиоимениот хрватски клуб. Тие издвојуваа победа со резултат 2:6; 9:15; 3399:3506. Индивидуално, резултатите беа следниве: Борош К. – Марковиќ Д. 574:556; 2:2; Росандиќ А. – Ајдин Д. 535:585; 2:2; Хечимовиќ Ф. – Мемеди И. 555:600; 1:3; Ковачевиќ – Радојчиќ М. 545:545; 1:3; Шпилјар Д. – Донковски М. 607:580; 2:2; Галјаниќ В. – Трпковски С. 583:640; 1:3. Резерви беа Даниловски В. (581), Блажевски Ј. (550) и Мацановиќ В. (547).


Истиот ден, но во вечерните часови, кугларите на „Макпетрол” учествуваа на турнирот „Запрешиќ опен 12″. Членовите на скопскиот клуб ги остварија следните резултати: Сашо Трпковски (654), Младен Донковски (633), Дарко Марковиќ (631), Ибрахим Мемеди (628), Душко Ајдин (622), Милош Радојчиќ (610), како и Владимир Даниловски (559), Јовица Блажевски (558) и Владан Мацановиќ (549).

Екипниот скор од најдобрите шест резултати е 3.778 соборени дрва, што е и рекорд на клубот „Макпетрол”.