Breaking News

Насилството врз жените серозен проблем во албанското општество


Насилството врз жените е сериозна појава во албанското општество, што го потврдува и полициската статистика, оценето е на на активноста „Фем фест“. 24“ во Тирана.


Според министерот за внатрешни работи, Таулант Бала, во првите два месеца од годинава се пријавени 890 случаи на семејно насилство, а од судот се издадени 465 налози за заштита на жени и девојчиња.


-Секогаш кога ќе ги видам бројките,  сметам дека е неприфатливо нашето општество да ги покажува овие тенденции.

На пример, само во првите два месеци од оваа година имаме 890 пријавени случаи на насилство и има 465 налози за заштита на девојчиња и жени, рече министерот Бала на средбата, организирана од граѓанскиот сектор.


Бала го подвлече фактот дека бројките сè уште се далеку од реалноста, бидејќи многу случаи на насилство воопшто не се пријавени, од различни причини.

-И покрај многу алармантните бројки, мора да го нагласиме фактот дека сè уште сме далеку од реалните бројки, бидејќи убеден сум дека не се пријавува секој чин на насилство, за да имаме можност да реагираме, рече тој.


Според него во 2023 година, во земјата,  регистрирани се 11 убиства на жени.

Бала го истакна и проблемот со онлајн насилството, особено преку социјалните платформи, кои често генерираат насилство, што може да доведе до трагедија. вт/ссм/ .


Извор: МИА