Breaking News

Две лица загинаа во напад на украински дрон во Белгород


Две лица загинаа во напад на украинско беспилотно летало во руската област Белгород, објавија британските медиуми, повикувајќи се на локалните власти.


-Како резултат на експлозии, две лица загинаа, а трет е тешко повреден, напиша вна „Телеграм“ гувернерот на округот Вјачеслав Гладков.


Руското Министерство за одбрана и Гладков соопштија дека повеќе напади со беспилотни летала биле спречени претходно во текот на денот. Се уште не можат да се потврдат извештаите на руските власти.

мс/фото: МИА архива .


Извор: МИА