ВЕСТИ

Спасовски: Случајот во Охрид е сценарио и дел од хибридната војна

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за последниот случај во Охрид смета дека е сценарио и дел од хибридната војна. Тој во емисијата „Утрински печат” кажа дека „од иста групација се и тие што тепаат и тие што се тепани”. – Луѓе од иста групација се и тие кои тепаат …

Повеќе »

Претседателот на АА, Арбен Таравари, повикува на смирување на тензиите меѓу Северна Македонија и Бугарија

Претседателот на Алијанса за Албанците (АА), Арбен Таравари, повика да се дејствува смирено и да се смират тензиите во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, коишто ескалираа по несаканите инциденти во Охрид. Истакнувајќи дека овие настани се следат со големо внимание и загриженост, Таравари преку објава на Twitter ги повика …

Повеќе »

Во „Козле“ хоспитализирани околу 40 деца, стабилна состојбата по стартот на второто училишно полугодие

Од почетокот на второто полугодие од учебната година нема зголемување на бројот на прегледи и хоспитализации во болницата за белодробни заболувања кај децата „Козле”, информиарат за МИА од болницата каде моментно се хоспитализирани околу 40 деца со бронхопневмонија. -Состојбата е мирна и стабилна. Иако е само првата седмица од второто …

Повеќе »

Произведени 18.449 мегават часови електрична енергија

АД ЕСМ вчера произведе 18.449 мегават часови електрична енергија, со што целосно со сопствена произведена енергија ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбената индустрија и други витални држави субјекти. -Во термоелектраните се произведени 11.850, а во хидроелектраните и во Ветерниот …

Повеќе »

Пред 78 години е ослободен Аушвиц, најлошото место во историјата на човештвото

Денеска е Ден на сеќавање на Холокаустот, а 27 јануари е избран затоа што на овој датум во 1945 година Црвената армија го ослободила Аушвиц, каде што пронашла околу седум илјади преживеани затвореници во логорот, меѓу кои и 700 деца. Тоа беше крајот на еден од најлошите ужаси во историјата …

Повеќе »

Алијансата за Албанците треба да формира преговарачки тим за влез во Владата

Претседателството на Алијанса за Албанците денеска ќе одржи седница во Тетово посветена на политичките случувања во земјава, на чиј дневен ред ќе биде и одлуката на Централното собрание за формирање на тим што ќе ги води преговорите за влез во Владата. Денешната седница доаѓа по заседанието на Централното собрание на …

Повеќе »

Отворање на понудите на тендерот за субвенции на нови авиолинии

Во Министерството за транспорт и врски денеска ќе се одржи јавно отворање на понудите што се доставени на повикот за доделување финансиска поддршка за нови авиолинии од Меѓународниот аеродром „Скопје” и аеродромот „Св. Апостол Павле” во Охрид за периодот од 2023 до крајот на 2025 година. На повикот што беше …

Повеќе »

Одбележување на Европскиот ден на заштита на личните податоци

По повод 28 Јануари – Европскиот ден на заштита на личните податоци, денеска во „Европската куќа” ќе се одржи конференцијата „Заедно за заштита на личните податоци”, во организација на Делегацијата на Европската Унија во земјава, Фондацијата „Метаморфозис”, Агенцијата за заштита на лични податоци и Центарот за правни истражувања и анализи. …

Повеќе »

ЕУ повикува на смирување на тензиите меѓу Скопје и Софија, ставовите на Џамбаски не се вредности на Унијата

По заладените односите меѓу Скопје и Софија по инцидентот во Охрид, изјавите на европратеникот Ангел Џамбаски и повлекувањето на бугарскиот амбасадор од земјава, од ЕУ апел да се смират тензиите и двете влади да продолжат да комуницираат со „ладна глава” и со спроведувањето на Договорот за добрососедство. Извори од ЕУ …

Повеќе »

Апели за политички консензус за уставните измени и продолжување на европската перспектива

Северна Македонија ги почна пристапните преговори со ЕУ лани на 19 јули, но за нивно продолжување во втората фаза, по завршување на билатералниот скрининг кој успешно се одвива, услов е спроведување на уставните измени и напредок во реформите, порачаа вчера извори од Европската Унија, посочувајќи дека е потребно обезбедување консензус …

Повеќе »