Breaking News

ВЕСТИ

Произведени 17.187 мегават часови електрична енергија

 АД ЕСМ вчера произведе 17.187 мегават часови електрична енергија, со што целосно со сопствена произведена енергија ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални држави субјекти, информираат од Владата. -Во термоелектраните се произведени 11.478, а во хидроелектраните …

Повеќе »

Сакалиев: Наместо цела социјална зграда, по еден социјален стан во неколку згради

Наместо да се размислува за изградба на цела социјална зграда со станови наменети за социјално загрозени случаи и семејства во социјален ризик, подобро е да се обезбеди по еден социјален стан во неколку згради. Ваква забелешка изрази Ристо Сакалиев, советник во Советот на општина Кавадарци, на седницата што вчера попладне …

Повеќе »

Провокациите во насока да се нарушат добрососедските односи меѓу Бугарија и Северна Македонија

Бугарија вчера го повлече нејзиниот амбасадор од Северна Македонија и најави можно запирање на меѓувладините проекти откако во Комисијата за надворешни работи беа сослушани техничкиот министер за надворешни работи Николај Милков и бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов по нападот на секретарот на бугарскиот клуб во Охрид. Од македонското Министерство за надворешни …

Повеќе »

Во Собранието седница за поставување пратенички прашања

Во Собранието денеска ќе се одржи 101. седница на која на дневен ред е поставување пратенички прашања. Премиерот Димитар Ковачевски и министрите ќе одговараат на прашања на пратениците. Седница за поставување пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот, а први прашања поставуваат опозициските народни избраници. ев/са/ МИА Фото: …

Повеќе »

Jавна расправа за Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик

Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” денеска ќе се одржи јавна расправа за Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик. Предлог-законот го изготвија Министерството за култура и Советот за македонски јазик. хс/са/

Повеќе »

Почеток на вториот циклус на програмата „Суперучилишта“

Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) денеска ќе го отвори официјално почетокот на вториот циклус на „Суперучилишта” – програма за училишна размена во регионот со цел да се поддржи процесот на градење мир и помирување и интеркултурното учење и дијалог меѓу училиштата, учениците и нивните заедници. – Програмата е дел …

Повеќе »

АД ЕСМ ја исклучи ХЕЦ Св. Петка и го стави на минимум производството во ХЕЦ Козјак со цел намалување на нивото на Вардар

Хидроелектраната „Св. Петка“ е исклучена, а во ХЕЦ Козјак е оставен да работи само еден агрегат со цел да се намали нивото на реката Вардар, соопшти вечерва АД ЕСМ. – По информацијата за покаченото ниво на реката Вардар, во координација со ЦУК, од страна на АД ЕСМ е пристапено кон …

Повеќе »

Груби оствари средба со новиот јапонски амбасадор, г. Казуја Отсука

Скопје, 25 јануари – Првиот потпретседател на Владата на Северна Македонија и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г. Артан Груби денес оствари средба со новиот амбасадор на Јапонија во нашата земја, г. Казуја Отсука. Груби и Отсука разговараа за актуелните билатерални односи меѓу двете земји и можностите …

Повеќе »

Јавна трибина „Зелена мапа за зелена заедница“ во Велес

Велес, 25 јануари 2023 (МИА) – На трибина во Велес денеска беа изнесени програми и активности сегашни и идни како и заложби и барања на учениците, невладиниот сектар и претставници на невладините здруженија од една страна и од друга на политичарите и локалната власт. На трибината не беше министерот за …

Повеќе »

Северна Македонија ќе загуби пристап до Креативна Европа, ако до 31 мај не се усогласи со Директивата на ЕУ за аудиовизуелни медиумски услуги

Доколку до 31 мај не се постигне усогласување на националното законодавство со Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги на Европската Унија, Северна Македонија ќе изгуби пристап до програмата Креативна Европа. Ова беше порачано денеска на презентацијата на проектот „ЕУ за слободата на изразување: усогласување на националното законодавство за медиуми со правото …

Повеќе »