Breaking News

ВЕСТИ

Марш за женски права – „Ќе преживеат ли жените овде?“

Под слоганот „Ќе преживеат ли жените овде?“, денеска на Меѓународниот ден за економска, политичка и општествена борба за рамноправност на жените, на плоштадот „Филип II“ во Скопје ќе се одржи марш за женски права. Овој марш, како што велат од Платформата за родова еднаквост, е протестен одраз на случувањата во …

Повеќе »

Штрајк на синдикатите во Грција поради железничката несреќа

Низа протести и собири ќе се одржат денеска во Атина, но и во останатите грчки градови во рамките на 24-часовен штрајк што го закажаа грчките синдикати поради железничката несреќа со 57 жртви. Штрајкот го закажа синдикатот на вработените во државниот сектор (АДЕДИ), соопштувајќи дека неколкучасовниот прекин во работата за одбележување …

Повеќе »

Каранфиловски: До крај на следната недела очекуваме потпишување на анексот на колективниот договор за платите на медицинските лица

Најдоцна до крај на наредната недела очекуваме потпишување на анексот на колективниот договор за зголемување на плати на медицински лица, изјави Љубиша Каранфиловски, претседател на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, по денешната средба со министерот за здравство Фатмир Меџити. Според потпретседателот на Синдикатот на Клинички центар, Предраг …

Повеќе »

Ларсон Џаин на седница на Влада: Северна Македонија ја има поддршката во натамошниoт процес на евроинтеграции

Иднината на Западен Балкан е во Европската Унија. Северна Македонија ја има поддршката во натамошниoт процес на евроинтеграции, порача Ами Ларсон Џејн амбасадорка на Шведска, која е актуелечн претседавач со ЕУ, во обраќањето на денешната владина седница, на која присуствуваше на поканета од премиерот Димитар Ковачевски. Таа во својот осврт …

Повеќе »

Грковска – Задиќ: Корупцијата е проблем во сите држави, неопходен е ефикасен механизам

Вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска денеска имаше средба со министерката за правда на Австрија, Алма Задиќ, со која разговараа за потребата секоја држава да има ефикасен и независен правосуден систем. На средбата, како што информираат од владината прес-служба, Грковска се заблагодарила за поддршката што Австрија и ја …

Повеќе »

Трајанов предложи закон за формирање независна агенција за борба против корупција и криминал

Пратеникот и претседател на Демократски сојуз Павле Трајанов на прес-конференција во Собранието соопшти дека денеска до собраниските служби поднел Предлог -закон за борба против тешките облици на организиран кримиал и висока корупција, кој како што вели, ќе овозможи искоренување на тешките облици на корупција, неселективна војна против криминалот и имплементација …

Повеќе »

Уставен го оцени како неуставно ограничувањето на изборот на претседател на Судскиот совет само од членовите избрани од Собранието

Уставниот суд на денешната седница оцени дека е неуставно ограничувањето на изборот на претседателот и негов заменик на Судскиот совет само на членовите кои се избрани од Собранието, додека останатите членови на Советот со право на глас се исклучени, и го укина член 8 став 3 во делот „кои се …

Повеќе »

Амбасадорката на Шведска, Ами Ларсон Џаин ќе се обрати на седница на Влада

На покана на премиерот Димитар Ковачевски, амбасадорката на Кралството Шведска, Ами Ларсон Џаин ќе се обрати на почетокот на седницата на Владата на Република Северна Македонија, што треба да се одржи денеска. Како што соопштија од владината прес-служба, Ларсон Џаин пред претставниците на Владата ќе направи осврт на приоритетите и …

Повеќе »

Груби: Османи ја има мојата поддршка за повторно активирање на структурите во Чаир

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби преку својот Фејсбук профил упати честитка до шефот на дипломатијата Бујар Османи за именувањето за „координатор на чаирскиот огранокот на партијата“. Груби во честитката посочува дека Османи ја има неговата поддршка во напорите за повторно активирање на …

Повеќе »

Владата ќе го разгледа Извештајот на консултантот за преговорите со конзорциумот „Бехтел и Енка“

Владата денеска ќе го разгледа Извештајот на консултантот за преговорите со американско – турскиот конзорциум Бехтел и Енка, кој треба да ги гради коридорите 8 и 10 Д во земјава, најави вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби на неговиот официјален фејсбук профил. -Голем ден …

Повеќе »