Breaking News

ВЕСТИ

Состојба на патиштата

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Извор: МИА.

Повеќе »

Азербејџанскиот амбасадор, Касијев во посета на Собранието

Азербејџанскиот амбасадор во земјава Камил Касијев денеска ќе го посети Собранието.  Како што информира собраниската прес-служба, Касијев ќе се сретне со претседателот на пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Азербејџан, Енес Ибрахим, како и со членовите. фф/мд/Фото. МИА Архива Извор: МИА.

Повеќе »

Одбележување на 120 години од смртта на Гоце Делчев

Денеска се одбележуваат 120 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев. По тој повод македонски државни делегации ќе положат цвеќе на неговиот гроб во црквата „Свети Спас“ во Скопје, а предвидена е панихида на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. Цвеќе на неговото вечно почивалиште, како што е најавено, …

Повеќе »

Џафери учествува на 61.Генерално собрание на ПАБСЕК

 Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери денеска и утре ќе учествува на редовното 61. Генерално собрание на Црноморската економска соработка (ПАБСЕК) во Анкара, Република Турција.  Како што информира собраниската прес-служба, учеството на Џафери е на покана на претседателот на ПАБСЕК проф. д-р Мустафа Шентоп.  Во состав на …

Повеќе »

Работната група за изборните реформи започна со работа, апел до опозицијата да се вклучи со свој претставник

Со конституирање на работната група за реформи во изборното законодавство вчера во Скопје стартуваше процесот на усогласување на ставовите за измени со цел подобрување на изборната легислатива. Во фокусот на работната група ќе биде имплементација на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, а потоа и изготвување на нов изборен законик. Министерот за правда …

Повеќе »

Манифестација „Денови на Благоја Корубин“

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков “ – Скопје во оваа јубилејна година (1953 – 2023), по 27. пат ја организира традиционалната манифестација „Денови на Благоја Корубин“, во чии рамки ќе се одржи Меѓународен научен собир на тема „Од збор до речник“.  Меѓународниот научен собир ќе се одржи денеска и …

Повеќе »

Повеќе скопски населби денеска без струја

Без електрична енергија денеска од 9:00 до 11:00 часот ќе останат дел од корисниците лоцирани на улиците „Коста Новаковиќ“ бр. 20 и бр. 22 и „Васко Карангелевски“ бр. 13. Во период од 11:30 до 13:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Сотир Томовски“, „Водоча“, „Гаврил Константиновиќ“ …

Повеќе »

Дел од Инџиково денеска без вода

Дел од жителите од скопското село Инџиково, општина Гази Баба денеска од 9 часот ќе останат без вода за пиење.  Како што информира РЦУК – Скопје, прекинот е поради технички интервенции на пумпна станица Инџиково. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности. мд/аа/Фото: МИА архива Извор: МИА.

Повеќе »

Облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер, а ќе има услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 14 …

Повеќе »