Breaking News

Повеќе скопски населби денеска без струја


Без електрична енергија денеска од 9:00 до 11:00 часот ќе останат дел од корисниците лоцирани на улиците „Коста Новаковиќ“ бр. 20 и бр. 22 и „Васко Карангелевски“ бр. 13.


Во период од 11:30 до 13:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Сотир Томовски“, „Водоча“, „Гаврил Константиновиќ“ и „Мите Богоевски“ во општина Аеродром.


 Без струја денеска од 9:00 до 13:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Живко Фирфов“ во општина Кисела Вода.

Од 9:30 до 10:30 часот без струја ќе останат скопските населби Волково и Кучевиште, а од 12:30 до 15:30 часот дел од селото Кондово и населбите Волково и Кучевиште.


Во период од 8:00 до 15:30 часот без струја ќе бидат село Љуботен – Космофон Љуботенски пат, Раштак, горен дел од село Булачани – патот во правец кон Раштак, горниот дел од село Љубанци и делот кон село Љуботен.

 Како што информира РЦУК – Скопје, прекините се поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа. мд/аа/Фото: МИА архива  Извор: МИА.