Breaking News

„Семеен фестивал“ во организација на меѓународните училишта НОВА


Меѓународните училишта НОВА денеска од 11 до 15 часот во училишниот кампус ќе организираат добротворен настан „Семеен фестивал“.


Собраните средства од настанот ќе бидат наменети за невладината организација „Да шириме љубов“, која работи со социјално загрозени семејства од Кумановскиот Регион.


Се работи за традиционален и најголем годишен настан на НОВА кој го организира Здружението на родители и наставници на НОВА и е наменет за целата заедница.

Оваа година со него  образовната установа ќе ја прослави 25-годишнината од постоењето. -Настанот ќе биде исполнет со забавни и авантуристички активности за целото семејство.


Присутните ќе уживаат во националните кујни на различни земји, детско катче и зоолошка градина, во настап на улични изведувачи, магионичар и музички изведби на учениците од НОВА, а ќе се организира и лотарија за сите присутни, соопшти НОВА.

хс/нд/   .


Извор: МИА