Breaking News

Изречени 31 санкција за автобуси што вршат превоз на ученици


МВР соопшти дека при вчерашната акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици се констатирани 31 сообраќаен прекршок, а едно возило било упатено на вонреден технички преглед.


Контролата е спроведена од 06. 00 до 10. 00 часот на територијата на целата држава.


-Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас, наведува МВР. мч/ .


Извор: МИА