Breaking News

ВЕСТИ

Одбиено барањето за помилување на Катица Јанева, негативно мислење дала и Комисијата за помилување

Претседателот на државата го одбил барањето за помилување на поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева. Од Кабинетот на претседателот на државата посочуваат дека негативно мислење дала и Комисијата за помилување.  – Претседателот го одби барањето за помилување на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева. Исто така и Комисијата за …

Повеќе »

Влада: Коалицијата е стабилна, нормално е да има различни мислења по одредени прашања

Владата е стабилна, а кај партнерите во коалицијата нормално е дека има различни мислења по одредени прашања и законски решенија, посочија денеска од Владата на брифинг со медиумите, коментирајќи ги повлекувањата или најавите за повлекувања од владината коалиција на помалите коалициони партнери. Во однос на барањето на партијата „Достоинство“ од …

Повеќе »

МАЕИ во советот на општина Пустец со тројца советници

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, во новиот состав на Советот на општина Пустец ќе има тројца свои претставници. На вчерашните избори од излезените околу 2. 100 гласачи за листата на МАЕИ гласале 439 или 21,46  отсто. Тоа значи дека партијата ќе има еден советник …

Повеќе »

Горивата поскапуваат од половина до еден денар по литар

– Цената на дизел горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за еден денар за литар, а бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за половина денар, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на …

Повеќе »

Поднесена кривична пријава против двајца полициски службеници за „примање поткуп“ и „несовесно работење во службата“

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје поднесе кривична пријава против полициските службеници А. В. и Н. …

Повеќе »

Османи и вработените во Министерството во акција за раззеленување на покривот на МНР

Министерот за надворешни работи и Претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи заедно со вработените во МНР денеска засадуваа дрва на покривот на Министерството како пример за одговорно однесување кон животната средина и справување со проблемот со аерозагадувањето. . Извор: МИА

Повеќе »

Премиерот Ковачевски ќе учествува на четвртиот Самит на Советот на Европа во Исланд

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски на 16 и 17 мај 2023 година ќе учествува на четвртиот Самит на Советот на Европа во Рејкјавик, Исланд, соопшти владината прес-служба. На Самитот ќе учествуваат претседатели на држави и влади на земји членки на Советот на Европа. Во рамки на …

Повеќе »

Бесими: Од јуни граѓанска обврзница за финансирање на развојни проекти

– Државата од јуни годинава ќе воведе граѓанска обврзница, нов инструмент за финансирање  на развојни проекти и на пазарот на капитал, најави денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. Граѓанската обврзница ќе биде со рочност од две години, а нејзиниот минимален износ ќе биде 10. 000 денари. Граѓаните ќе можат и …

Повеќе »

Телефонски разговор Османи- Ал Сауд

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Кралството Саудиска Арабија, Неговото Височество Принц Фаисал бин Фархан Ал Сауд. Во фокусот на разговорите беа можностите за продлабочување на билатералните односи, со посебен осврт на економската соработка и трговските врски. Воедно, Османи се …

Повеќе »

Променливо време со повремен дожд до четврток

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, до четврток времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утре и во среда наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, проследени со …

Повеќе »