Breaking News

ВЕСТИ

Ковачевски: Во наредниот мандат ќе спроведеме процес на ветинг

Доколку ја добиеме честа да ја водиме Владата, во следниот мандат ќе спроведеме процес на ветинг и тоа не само на именувани и избрани функционери – од премиерот до министрите, па се до царина, судови и обвинителства, изјави премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање да искоментира анкета, …

Повеќе »

Петардите се опасни, штетни и воопшто не се кул, кампања за превенција од употреба на пиротехнички средства

Петардите се опасни, штетни и воопшто не се кул е пораката на кампањата за превенција од употреба на пиротехнички средства „Петарди НЕ – безбедност пред сè“ која денеска ја порача министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на показна вежба која се одржа на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Оваа година кампањата …

Повеќе »

Градоначалникот Ѓорѓиевски им подели пакетчиња на децата со посебни потреби

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес присуствуваше на Новогодишната забава на дечињата со церебрална парализа и со Даунов синдром во нивниот клуб во Расадник. Заедно се дружеа, а им подели и новогодишни пакетчиња. . Извор: МИА

Повеќе »

Митева: Над 1000 вработувања на четири месеци пред избори, СДСМ да не се надева дека ова ќе го намали нивниот пораз

Власта не престанува да ги злоупотребува институциите и да ги користи како ресурс за предизборен поткуп. Над 1000 вработувања вкупно на само неколку месеци пред избори. Покрај 7 години манипулација и омаловажувања на народот, за крај им приредуваат тронка надеж преку уште едно лажно ветување, додека тие ги гледаат граѓаните …

Повеќе »

Бектеши: За мнозинството граѓани сметките за струја ќе бидат пониски

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска изјави дека со  новата одлука за цената на струјата мнозинството од граѓаните во државата ќе плаќаат пониски сметки како корисници во првиот и вториот блок.  На новинарски прашања на денешната прес-конференција во Владата за поддршката на компаниите преку Развојната банка за економскиот раст на …

Повеќе »

Кацарска: Одржани рекорден број седници и примени 210 иницијативи, граѓаните се сѐ повеќе информирани за Уставниот суд и неговата улога

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска одржа годишна прес-конференција на која ги изнесе заклучоците од работењето на Судот во текот на 2023 година и истакна дека покрај непополнетиот состав на Судот, одржани се рекорден број на седници, што како што рече, не било случај во последните 22 години. Кацарска соопшти …

Повеќе »

Соопштение од Независен синдикат на професионални војници СО Скопје

Почитувани, Ве известуваме дека Независниот синдикат на професионални војници СО Скопје поднесе кривична пријава против 10 лица од кои 7 вработени во Министерството за Одбрана , 2 лица од МТСП и едно лице од Централниот регистер на РСМ за кривични дела по член 394,280,380 и 353 од КЗ. . Извор: …

Повеќе »

Струјата во прв блок поевтинува за 5,16 отсто, минимално поскапува во трет и четврти блок

Цената на струјата за домаќинствата од 1 јануари се намалува за 5,16 отсто за прв блок, за втор блок и за евтината тарифа останува иста, за трет блок поскапува за 2,88, а за четврт блок за 1,86 отсто. Цената за секој блок е збир од цена за активна електрична енергија …

Повеќе »

Совети за поголема безбедност на Интернет

Согласно анализите што ги направи здружението Интернет Хотлајн Провајдер Македонија, забележи дека свесноста на македонската интернет заедница за ризиците онлајн е на многу ниско ниво. Поради тоа оддлучи, на волонтерска основа да изготви текст што ќе помогне на родителите подобро да се справи со онлајн заканите и помогне нивните деца …

Повеќе »

ЛДП: На претстојните избори ќе настапиме како дел од коалиција која ќе ја однесе Македонија во Европа

Согласно стратешките определби на државата и потребите на граѓаните, одлучивме на следните избори, Либерално-Демократската партија (ЛДП) да настапи како дел од коалиција која ќе се залага за брза интеграција на Македонија во Европската унија. „За Македонија не постои друг пат, освен приклучување кон европското семејство. За доброто на државата и …

Повеќе »