Breaking News

Митева: Над 1000 вработувања на четири месеци пред избори, СДСМ да не се надева дека ова ќе го намали нивниот пораз


Власта не престанува да ги злоупотребува институциите и да ги користи како ресурс за предизборен поткуп. Над 1000 вработувања вкупно на само неколку месеци пред избори. Покрај 7 години манипулација и омаловажувања на народот, за крај им приредуваат тронка надеж преку уште едно лажно ветување, додека тие ги гледаат граѓаните само како гласачка машинерија, истакна Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.


500 вработувања само во ЕСМ и над 500 вработувања низ различни институции. Брутален поткуп и играње со чувствата на народот. Се дрзнуваат да го злоупотребат и нискиот животен стандард, сиромаштијата и маката на народот, само за глас повеќе, но не за да победат, туку за да го намалат изборниот пораз. .


Извор: МИА