ВЕСТИ

Меѓународен тим ќе го решава проблемот со влагата во црквата „Успение на пресвета Богородица“ на Трескавец

Прилепскиот завод и музеј оформи меѓународен тим за конечно решавање на најголемиот проблем- влагата и опасност за црквата „Успение на Пресвета Богородица“ на Трескавец. Проблемот со влагата мора да се решава и не треба да се одложува, вели директорот на музејот Горан Цветкоски. На Министерството за култура му се доставени …

Повеќе »

Грковска – Вал: Да се зајакне фокусот на младите, тие да бидат двигатели на промените

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, денеска имаше средба со новоименуваниот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килиан Вал, кому му посака добредојде и изрази силно уверување дека соработката и поддршката што Организацијата и ја дава на нашата земја ќе продолжи со уште позасилено темпо. …

Повеќе »

Ковачевски: Иднината е во дигитализацијата

Иднината е во дигитализацијата на услугите, смета премиерот Димитар Ковачевски и порачува дека концептот на кол центри преку кои граѓаните може да се информираат за услугите што им следуваат веќе се напушта во светот и тој простор го зазема дигитализацијата. -Ние имаме Министерство кое се грижи за дигитализацијата и голем …

Повеќе »

Ковачевски: Трети земји кои сакаат да имаат геостратешко глобално влијание тоа го прават и на територијата на Западен Балкан

На територијата на Западен Балкан е евидентно дека трети страни сакаат да извршат влијание, бидејќи земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и нашата имаат јасна ориентација за придружување во ЕУ и најголем дел во НАТО, вели премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на прашање во контекст на изјавата на претседателот Пендаровски за …

Повеќе »

Уставните измени следниот период ќе бидат актуелизирани на дебати со граѓански организации и експерти

Уставните измени во текот на следните неколку недели или месеци ќе бидат актуализирани на дебати со граѓанските организации и експерти во однос на нивната содржина но и во однос на нивното политичко значење, рече денеска вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на прес-конференција одговорајќи на новинарско прашање. Според Маричиќ, политичкото …

Повеќе »

Ковачевски: Да бидеме единствени за членство на Северна Македонија во ЕУ

Да бидеме единствени за членство на Северна Македонија во Европската Унија. Да покажеме единство бидејќи тоа е влог во градењето просперитетна иднина на граѓаните и на државата, порача премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата на која заедно со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ информираа за текот на …

Повеќе »

Геодетска комора: Директорот на АКН да го исполни јавното ветување за одржување на состанок

18.01.2023, Скопје – За унапредување на геодетската дејност и статусот на геодетските друштва неопходно е да се воспостави соработка со Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) и заеднички да креираме решенија за многу отворени прашања од областа на геодезијата кои ги доведуваат на раб на опстанок деловните субјекти од овој …

Повеќе »

Седница на Уставниот суд

Уставниот суд денеска ќе ја одржи својата втора седница на чиј дневен ред се четири иницијативи за оценување на уставноста и законитоста и три барања за заштита на слободите и правата. Судот ќе решава по иницијативата поднесена од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) со која се оспорува …

Повеќе »

Амбасадорите на земјите од ЕУ, предводени од Гир, во посета на Охрид

Шефот на делегацијата на Европската Унија во Скопје, амбасадорот Дејвид Гир и амбасадорите на земјите членки на ЕУ во земјава денеска ќе престојуваат во посета на Охрид. Фокусот на посетата, како што соопштија од Дегелацијата на ЕУ, ќе биде ставен на зачувување на уникатното природно и културно наследство на Охрид …

Повеќе »

Се уште неизвесно дали АА ќе биде дел од Владата

Дали ќе се прошири владината коалиција со уште една партија засега нема јасен одговор, но она што се знае е дека двата најголеми коалициски партнери во Владата, СДСМ и ДУИ, сакаат да им се придружи Алијанса на Албанците. Претседателот на ДУИ Али Ахмети вчера изјави дека парламентарното мнозинство е стабилно, …

Повеќе »