Breaking News

Студено, преку денот сончево со мала локална облачност


Времето утринава ќе биде студено, преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.


Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -4, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени. Во Скопје сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.


Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне 5 степени. Викендов ќе преовладува сончево време со студени утра и со умерена облачност во текот на денот.

Во почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од снег на планините и повисоките места, особено во западните делови каде што ќе се формира нова снежна покривка.


Во пониските места врнежите ќе бидат од дожд и снег. вг/Фото: МИА архива .

Извор: МИА