ВЕСТИ

Средношколци во улога на пратеници на „Млад франкофонски парламент“

Безбедноста во сообраќајот, иселувањето на младите и врсничкото насилство се темите на кои ќе дискутираат средношколци од неколку градови во земјава на годинашната еднодневна работилница во Собранието насловена „Млад франкофонски парламент“ , едукативна активност „Имам став!“. Како што информира собраниската прес-служба, едукативната активност „Имам став!“ всушност е симулација на процесот …

Повеќе »

Пратениците ќе расправаат за можноста на изборите да гласаат и граѓаните чии документи истекле во последните девет месеци

– Пратениците во Собранието денеска треба да расправаат по предлог законските измени на Изборниот законик, по скратена постапка, со кои, освен имплементација на препораките на ОБСЕ/ОДИХР се врши и допрецизирање на одредбите во однос на регистрацијата на гласачите со отстранување на ограничувањата врз основа на истечени документи за идентификација, така …

Повеќе »

Седници на две собраниски комисии

Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Комисијата за одбрана и безбедност. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите во прво читање е единствена точка на дневен ред на собраниската седница на Комисијата за политички систем и односи …

Повеќе »

Променливо облачно, на повеќе места пороен дожд, на планините снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно, на повеќе места со врнежи од дожд со пороен карактер, проследени со грмежи. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне …

Повеќе »

Конференција на КСС: Рамноправноста и еднаквоста на жените и мажите го нема достигнато потребното ниво

Одиме напред, но, сепак, рамноправноста и еднаквоста на жените во однос на мажите, го нема достигнато потребното ниво. Ова беше кажано попладнево на конференцијата со наслов „Зајакнување на родовата еднаквост и справување со вознемирувањето на работно место“, организирана од Секцијата на жени при Конфедерација на слободни синдикати на Македонија (КСС), …

Повеќе »

Отворена етно изложба  „Перничињата на мама“ во Прилеп

Етно изложбата „Перничињата на мама“ денеска на пладне беше отворена во фоајето од Центарот за култура „Марко Цепенков“. Претставени се педесетина домашни ракотворби – перничиња, изработени од прилепчанки низ годините, кои се дел од домашната оставнина. За етнологот Александар Цветкоски изожбата е убава идеја да се презентира традицијата. Иложбата е …

Повеќе »

Предлог-законот за вино го помина првото читање во Собранието

Собранието денеска ја заврши општата расправа по Предлог-законот за вино и констатира дека е прифатлив, како и дека може да се даде на натамошно, второ читање. Со овој закон, прв пат досега, се предвидува утврдување на производната цена на винското грозје по килограм, најдоцна до 15 јули во тековната година, …

Повеќе »

Промовирана книгата „30+ Жените тоа го можат“ посветена за работата на женските НВО

Во Собранието денеска беше промовирана книгата „30+ Жените тоа го можат“ посветена за работата на женските НВО по независноста на земјата, од авторките проф. д-р Слободанка Маркоска, проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ и новинарката Валентина Ѓорѓиоска. На страниците од книгата се поместени сведоштва, хронологија, имиња на градски организации. Во оваа книга …

Повеќе »

ДИК по службена должност ќе прибере податоци за исполнување на условите за кандидатите кои ќе поднесат листи за избор на претседател

– Државната изборна комисија ќе ја олесни постапката во формално-правниот дел за условите што треба да ги исполнуваат кандидатите кои ќе поднесат листи за избор на претседател на државата. На денешната седница на Комисијата беше усвоена одлуката за дополнување на Упатството за поднесување, прием и потврдување на листите, со што …

Повеќе »

Светниколските земјоделци добија ветување дека ќе им се продолжат договорите за закуп на земјоделско земјиште

– Ние не сме правници, тоа што ни го кажувате не го разбираме. Ние сме земјоделци, нашата работа е на нивите, а  не да одиме по институциите, порачаа  светниколските земјоделци на  денешните средби со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во салата на Општина и со дополнителниот министер, Цветан …

Повеќе »