Breaking News

Седници на две собраниски комисии


Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Комисијата за одбрана и безбедност.


Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите во прво читање е единствена точка на дневен ред на собраниската седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.


Членовите на Комисијата за одбрана и безбедност треба да разгледаат две инфорамции.

Првата е за потребата на доделување на договор влада со влада за обезбедување на резервни делови по програмата Cooperative Logisitic Supply Support (CLLSA), меѓу Владата на Северна Македонија и Владата на САД, а втората е за набавка на пренослив систем за противоклопна борба, со склучување на договор помеѓу Владата на Северна Македонија и Владата на САД, со усогласен текст на Амандманот 1.


мд/aa/Фото: МИА архива  .

Извор: МИА