Breaking News

Отворена етно изложба  „Перничињата на мама“ во Прилеп


Етно изложбата „Перничињата на мама“ денеска на пладне беше отворена во фоајето од Центарот за култура „Марко Цепенков“.


Претставени се педесетина домашни ракотворби – перничиња, изработени од прилепчанки низ годините, кои се дел од домашната оставнина.


За етнологот Александар Цветкоски изожбата е убава идеја да се презентира традицијата.

Иложбата е на активот на жени-пензионерки при Здружението на инвалидски пензионери од Прилеп-Секој од нас како мал, своите први соништа ги имавме отсонувано на маминото перниче, направено своерачно од нашите мајки.


Па затоа сакавме да ја пренесиме таа традиција, по повод 8 Март, Денот на жената, рече Кирил Ристески, претседател на Здружението на инвалидски пензионери.

За најубавите и автентични перничиња беа доделени три награди. Изложбата ќе биде отворена три дена и е во пресрет на 8 Март – Меѓународниот ден на жената. ем/мд/фото: ЦК „Марко Цепенков“- Прилеп .


Извор: МИА