СВЕТ

Гладков: Нема жртви во ноќешните напади со беспилотни летала врз цели во руската Белгородска област

Беспилотни летала ноќеска гаѓаа неколку цели во руската Белгородска област, изјави гувернерот на регионот Вјачеслав Гладков.  „Ноќта не беше мирна. Имаше многу напади со беспилотни летала. Повеќето од нив беа пресретнати од противвоздушната одбрани“, изјави Гладков на Телеграм. Во нападите нема жртви, но оштетени се возила, куќи и јавни објекти, …

Повеќе »

Кишида: Јапонија не планира да стане членка на НАТО

Јапонскиот премиер Фумио Кишида изјави дека неговата земја не планира да стане членка на НАТО, но потврди дека постои план Алијансата да отвори канцеларија за врски во Јапонија, пренесоа британските медиуми. Изјавата на Кишида доаѓа откако јапонскиот амбасадор во Вашингтон претходно овој месец изјави дека воениот пакт предводен од САД …

Повеќе »

Сунак: Западот е подготвен со години да го поддржува Киев во војната со Русија

Британскиот премиер Риши Сунак изјави дека западните сојузници се подготвени „ со години“ да ја поддржат Украина во војната со Русија. Сунак на конференција за одбрана во Лондон изјави дека руската стратегија „на чекање луѓето (на Запад) да се уморат, да им стане досадно. . . нема да функционира“, пишува …

Повеќе »

Најновата руска нуклеарна подморница од класата „Бореј“ од Арктикот ќе се премести на Камчатка

Најновата подморница на руската морнарица со балистички ракети на нуклеарен погон во август ќе се пресели во постојана база на полуостровот Камчатка, соопшти денеска агенцијата Тасс. Подморницата „Генералисимус Суворов“, која беше пуштена во употреба кон крајот на 2022 година, носи до 16 руски ракети „Булава“ со нуклеарни глави. Таа од …

Повеќе »

Ученичка го запалила интернатот во Гвајана во кој настрадаа 19 лица – управата и го одзела мобилниот телефон

Ученичка го подметнала пожарот во интернатот во Гвајана, во кој загинаа 19 деца, откако управата на домот и го одзела мобилниот телефон, соопшти полицијата. Пожарот го зафатил интернатот во училиштето во Махди, град во централниот дел на јужноамериканската земја Гвајана во понеделникот околу полноќ, а повеќето од децата, од кои …

Повеќе »

Германија е најголем трговски партнер на повеќето земји во Европа

Германија е најголем трговски партнер на Северна Македонија, но и на повеќето земји во Европа, покажува анализата на порталот „Ландгеист“, базирана на податоци на ММФ. Германија е најголемата економија во Европа и најважен трговски партнер на над половина од европски земји. Втората европска економија Велика Британија, пак, не е најголем …

Повеќе »

Јужна Каролина усвои забрана за абортус по шестата недела од бременоста

Пратениците од Јужна Каролина вчера усвоија забрана за повеќе абортуси по шестата недела од бременоста, кога почнува срцевата активност на фетусот. Оспорениот предлог-закон, што се очекува да биде потпишан од републиканскиот гувернер Хенри Мекмастер, помина главно по партиска линија, со забележителен исклучок на пет членки на државниот Сенат – три …

Повеќе »

Грчката претседателка свика лидерска средба – со забрзан ритам Грција се движи кон новите избори

– Претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу,откако ги додели трите мандати за формирање Влада и ниту една од партиите не успеа да го обезбеди потребното мнозинство, за денеска закажа лидерска средба во Претседателската палата, јави дописничката на МИА од Атина.  Процесот на доделување на мандатите за формирање Влада, заврши во експресно …

Повеќе »

ДеСантис денеска и официјално ја објавува кандидатурата за американските избори во 2024 година

Републиканскиот гувернер на Флорида, Рон ДеСантис, денеска за време на разговор со извршниот директор на Твитер, Илон Маск, ќе ја објави својата кандидатура за претседателските избори во 2024 година, потврдија британските медиуми. ДеСантис со ова и официјално ќе стане најголемиот ривал на поранешниот претседател Доналд Трамп за претседателската кандидатура меѓу …

Повеќе »

Бајден номинираше генерал-полковник од ВВС за шеф на Националната агенција за безбедност и Киберкоманда

 Американскиот претседател Џо Бајден го номинираше генерал-полковник од воздухопловните сили Тимоти Хог за шеф на американската Агенција за национална безбедност (АНС) и Киберкомандата. Тоа го потврдува написот во магазинот „Политико“, кој го цитираше вчерашното соопштение на командата на американското воено воздухопловство. Хог моментално е заменик-командант на воената Киберкоманда на САД, …

Повеќе »