Breaking News

Бајден номинираше генерал-полковник од ВВС за шеф на Националната агенција за безбедност и Киберкоманда


 Американскиот претседател Џо Бајден го номинираше генерал-полковник од воздухопловните сили Тимоти Хог за шеф на американската Агенција за национална безбедност (АНС) и Киберкомандата.


Тоа го потврдува написот во магазинот „Политико“, кој го цитираше вчерашното соопштение на командата на американското воено воздухопловство.


Хог моментално е заменик-командант на воената Киберкоманда на САД, известувајќи директно до сегашниот шеф на АНС и Киберкомандата, Пол Накасоне. АНС е американската агенција за електронска шпионажа.

Според биографијата од ВВС,  Хог имал голем број позиции во разузнавањето и кибер безбедноста. зш/ .


Извор: МИА