Променливо облачно и нестабилно, наместа со пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, наместа со пороен дожд и грмежи.


Особено попладне и локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.


Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.


Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 22 степени. До петок времето ќе биде променливо облачно и посвежо, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.


Во сабота ќе биде краткотрајно претежно стабилно, а потоа се очеку променливо време со послаба нестабилност. дма/са/Фото: МИА архива .

Извор: МИА